Симболика: гулаби наместо добиток

РАЗОЧАРАНИ ТРГОВЦИ И СТОЧАРИ ВЕЛАТ ДЕКА НЕМА ЗОШТО ПОВЕЌЕ ДА СЕ ДОАЃА ВО ОБЛЕШЕВО, БИДЕЈЌИ НИТУ ИМА ДОБИТОК, НИТУ АСАЛНА ТРГОВИЈА И БЕСКОНЕЧНИ ПАЗАРЕЊА. НАМЕСТО ХРАНА ВО ДОБИТОК И ЖИВИНА, НА ГОЛЕМИОТ ПАЗАР ВО ДВЕ МАЛИ КУТИИ СЕ ПРОДАВАА ГУЛАБИ КАКО ДОМАШНИ МИЛЕНИЦИ.

Како што фигуративно вели еден трговиц, нема зошто да се доаѓа на добиточниот пазар во Облешево. Нема добиток, нема народ, нема што да се снима или кажува. Оваа држава ги уништи малите и средните фармери, па сега нема ни ситен ни крупен добиток. Одамна нема гоени свињи и прасиња, нема јагниња и јариња. Нема ниту кокошки, гуски, шатки, кои некогаш се нудеа на многубројните купувачи.

Овој кус коментар ја открива целата вистина за пазарот во Облешево, каде и денеска два-три камиона качија по две три грла телиња и јунци на одгледувачи кои се нашле во зорт да дојдат до некоја пара за да платат некоја давачка. Цената не им одговара, се движи од 150 до 200 денари за килограм жива мера, ама се нема каде. Храната е прескапа, а и другите трошоци секојдневно растат. Не помагаат ни субвенции кои со задоцнување се исплатуваат, ниту други мерки.

На празниот пазар, забележавме еден човек со кутии пред него, а во нив гулаби, кои ги нуди на продажба. Но и тој не сакаше да го снимаме, вели многу се крадат овие егзотични птици, па се плаши од реклама за кај крадците.

Сподели: