Започна ангажирањето на 20 лица за вршење јавни работи по мерка 6
Вчера започна извршувањето на работните активности во склоп на прокетот Јавни работи, мерка 6. Во прокетот се вклучени 20 невработени лица, жители на Општина Кочани, коишто работно ќе бидат ангажирани 4 часа дневно, со времетраење од 22 работни дена.
Проектот има за цел вклучување на невработени лица во проекти од инфраструктурата и заштита на животната средина на локално ниво. Истите се распределени на неколку локации во градот и се задолжени за комунално и хортикултурно уредување, дезинфекција со вар на дрворедите покрај улиците и покрај речното корито и слично.
Во моментот се уредува стариот Градски Парк и тротоарските површини во населбата Бејрут, а од утре се планира расчистување на коритото на река Масалница во Оризари, со поддршка од КЈП „Водовод“ Кочани.
Проектот 80% е финансиран од страна на Агенцијата за вработување на Р. С. Македонија, додека делот од 20% е наменет од Буџетот на Општина Кочани.