КОВИД 19 извештај : 3 новозаразени и 7 оздравени пациенти од Кочани

Тројца новозаразени и седум оздравени пациенти од Кочани се регистрирани во изминатите 24 часа, информираат од Министерството за здравство. Со овие три, бројката на активни случаи во нашата општина изнесува 213.

Инаку од направени 680 тестирања на ниво на држава се регистрирани вкупно 80 нови случаи на КОВИД 19 и 97 оздравени пациенти.

Во моментот бројот на активни случаи во земјата изнесува 3996.

Сподели: