Британската амбасадорка во РСМ , Рејчел Галовеј во посета на општина Виница.
Денеска во работна посета на Виница престојуваше н.е. Рејчел Галовеј, која за досегашната и идна соработка, зборуваше со градоначалникот Ивица Димитров.
- Денеска со амбасадорката разговаравме за приоритетите кои ги има општина Виница , за инфраструктурната ситуација во која моментално се наоѓа нашата општина, а разговаравме и за стопанството и развојот на општина Виница, изјави градоначалникот Ивица Димитров.
Амбасадорката Галовеј истакна дека и причинува задоволство што посетува една мала, но од стопанско-економски аспект, напредна општина и што поддршката на проекти од нејзината држава, дава конкретни резултати.
Потоа, амбасадорката ги посети Музејот Теракота, како и дел од најуспешните фирми во виничкото стопанство. Двајцата соговорници заклучија дека простор за проширување на соработката има во повеќе сфери и дека контактите ќе продолжат на обострано задоволство.