Почина адвокатот и екс пратеник Сашко Костов

Денеска во Кочани, ненадејно почина адвокатот и екс пратеник во Собранието на Република Македонија, Сашко Костов, на возраст од 50 години. Смртта го затече додека ја извршувал својата адвокатска работа, за време на судско рочиште во една од судниците на Основниот суд во Кочани. Според очевидци, додека течел вообичаен судски процес, наеднаш му се слошило на Костов, со симптоми на срцев удар, поради што итно бил пренесен во Општна Болница во Кочани, каде ја загубил последната битка.

Сашко Костов инаку беше магистер по правни науки и моментно работеше како адвокат. На предвремените парламентарни избори во 2016 година, како кандидат од Кочани во ИЕ 3, беше избран за пратеник. Претходно ја извршуваше функцијата претседател на Општинската организација на СДСМ КОчани. Сашко Костов беше семеен човек кој зад себе остави сопруга и три малолетни деца.

Сподели: