РЕАЛИЗИРАНА ПОВТОРНА АКЦИЈА ЗА ЗАЛОВУВЊЕ КУЧИЊА СКИТНИЦИ НА ПОВЕЌЕ ЛОКАЦИИ ВО ГРАДОТ

Поради зголемен број на кучиња скитници, денеска на повеќе локации во градот повторно се спроведе акција за нивно заловување од страна на стручни екипи од Ветеринарната клиника ИНО-ВЕТ од Куманово, врз основа на претходно склучен договор за услуги со КЈП „Водовод“ – Кочани.

По заловувањето на кучињата ќе се врши вакцинација со сите вакцини кои се предвидени со Законот и Правилникот за благосостојба на кучиња скитници и тие ќе бидат кастрирани.

Воедно, Општина Кочани апелира до граѓаните своите домашни миленици да ги шетаат со заштитна маска и согласно Законот за јавна чистота, да носат со себе ќеси и да ги собираат фекалните остатоци што милениците ги оставаат на јавните површини, како и одговорно да се грижат и да не ги оставаат без нивен надзор.

Сподели: