И кружниот во Стришани пред реализација

Во завршна фаза е изградбата на новиот кружен тек и во функција на истиот поставување на потребната сообраќајна сигнализација на крстосницата помеѓу Булеварот „Стево Теодосиевски“ и улицата „Димитар Влахов“ на потегот кај Стришанска чешма.

Во склоп на градежните активности за изградба на новиот кружен тек извршен е ископ и тампонирање, гребење на асфалтот, асфалтирање и поставување на улични рабници. Уредена е и пешачката површина со бекатон плочки. Во текот на денешниот ден се поставуваат сообраќајни знаци.

Со изградбата на новиот кружен тек се решава сообраќајниот метеж нанајфреквентната крстосница во Стришани. Изведувач на работите е фирмата „Ленди Груп“.

Сподели: