На „Пониква“ вее снег, ДПСС на терен

Од утрово на Пониква вее засилен снег, при што се создава снежна покривка, која го отежнува движењето на возилата кон спортско рекреативниот центар. Меѓутоа, регионалниот пат од Кочани до Пониква е прооден, за што придонесува мобилноста на дежурните служби на Македонија пат.

Во создавањето на безбедни услови со 24 часовно присуство на терен, и со цел да им помогнат на посетителите, доколку за тоа има потреба, се и доброволците од ДПСС „Осогово“, кое дејствуваат на критичните места и реагираат во најбрз можен рок на секој повик.

Контакт за ДПСС: 112

Сподели: