Собранието на ОФС одработи беспрекорно

Со присуство на 19 од вкупно 20 делегати, во салата на „Мултикултурниот Центар“ во Кочани Општинскиот Фудбалски Сојуз на Кочани го одржа редовното годишно Собрание на кое по усвојувањето на Дневниот ред на присутните им се обрати потпретседателот и член  на УО на ФФМ Лазар Ракиџиев, кој притоа му посака плодна работа на Собранието.

Потоа беа избрани работно претседателство, записничар, оверувачи на записникот и верификациона комисија. Делегатите едногласно го подржаа и усвоија записникот од редовното изборно Собрание од 15 декември 2021 година, а беше усвоена и годишната сметка и извештајот за работа на Претседателот на ОФС Кочани, Александар Андов. Легитимитет на Собранието му дадоа Лазар Ракиџиев и Владимир Гашевски, членови на УО на ФФМ.

Сподели: