Известување за јавноста

Гледајки како Македонија се уназадува во изминативе 30тина години и разочаран од функционирањето на политичките субјекти, во ваква идеја за организирање се препознав и решивме да се приклучиме на концептот на граѓански здруженија кои почнаа од Куманово и го формиравме здружението на граѓани 

ЗА НАШЕ КОЧАНИ”. 

Целта ни е да ги привлечеме сите луѓе кои сакаат Македонија да ја видат без корупција, економски развиена, со просперитетна младина и се разбира со зачуван идентитет.

Ги повикуваме да ни се приклучат сите граѓани, кои сакаат рамо до рамо да ја водиме оваа борба. 

Со почит,

Владимир Данилов – претседател на 

здружението на граѓани 

ЗА НАШЕ КОЧАНИ”.

Сподели: