Трибина на ОО СПМ: Неспособната и коруптивна власт треба час побрзо да си оди
ДЕЗОРГАНИЗИРАНА И НЕСПОСОБНА, КОРУМПИРАНАТА ЦЕНТРАЛНА ВЛАСТ ПРЕДВОДЕНА ОД СДСМ И ДУИ ТРЕБА ЧАС ПОБРЗО ДА СИ ЗАМИНЕ, РЕЧЕ НА ТРИБИНАТА СО ЧЛЕНСТВОТО НА СПМ, ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ЉУПЧО ДИМОВСКИ. ПРЕЗАДОЛЖЕНОСТ, НАМЕСТЕНИ ТЕНДЕРИ, КОРУПЦИЈА И РАЗНЕБИТУВАЊЕ НА НАЦИОНАЛНОТО ТКИВО СЕ ГЛАВНИТЕ КАРАКТЕРИСТИКИ НА РАБОТЕЊЕТО НА НЕНАРОДНАТА ВЛАСТ, КОЈА СЕ БОГАТИ ДОДЕКА ГРАЃАНИТЕ ОСИРОМАШУВААТ.
Општинската организација на СПМ на 24 март организираше трибина на која покрај членови и симпатизери, присуствуваше и највисокото раководство на партијата, предводено од претседателот Љупчо Димовски и пратеникот во Републичкото Собрание Стојан Миланов. По воведното обраќање до присутните на членот на ОО СПМ, Љупчо Георгиев, за актуелните политички случувања и состојби, зборуваше претседателот Димовски, кој упати сериозни обвинувања кон актуелната власт, нарекувајќи ја неспособна и коруптивна.
Димовски подвлече дека и СПМ слушајќи го гласот на народот и поддржувајќи ги политиките на коалицискиот партнер ВМРО-ДПМНЕ, е за предвремени парламентарни избори, бидејќи актуелната власт нема капацитет да ја води државата и нема мандат да го менува Уставот. Секојдневно се поголем е бројот на граѓаните кои се револтирани од политиките на СДСМ и ДУИ и затоа ваквите трибини и собири кои ги организира опозицијата се се помасовни и се погласни.
По обраќањето на Димовски, дел од присутните поставуваа прашања поврзани со функционирањето на партијата и на коалицијата на локално ниво, а во насока на постигнување подобри резултати во интерес на граѓаните.