КЈП „Водовод“ ја исчисти околината на Спомен – домот АСНОМ

Вработените на КЈП “Водовод” Кочани во координација со локалната самоуправа во текот на денешниот ден ја исчистија дивата депонија и целиот локалитет кај Спомен-домот “Асном”.

Во текот на акцијата беа собрани и изнесени околу 3 метри кубни мешан комунален отпад, градежен шут и слично. Во наредниот период, КЈП “Водовод” Кочани ќе продолжи со акции за редовно чистење и отстранување на диви депонии на територијата на Општина Кочани според утврдената динамика и план за работа.

Бидејќи во последно време во рамките на своите активности, КЈП “Водовод” Кочани секојдевно се соочува со мини депонии од градежен шут, габаритен отпад и расфрлан комунален отпад покрај контејнерите, упатуваме апел до сите граѓани да го почитуваат Законот за јавна чистота, да не го оставаат ѓубрето на недозволени места и со своето однесување и еколошка свест да придонесат за поздрава и почиста животна средина. –

– Со почит, КЈП “Водовод” – Кочани 

Сподели: