Наместо екскурзии, учениците ќе одат на прошетки по 5 километри

Наместо екскурзии, учениците во оваа учебна година, а во која се соочуваме со пандемија од Ковид-19, ќе одат на прошетки до 5 километри, изјави министерката за образование и наука, Мила Царовска.

„Учениците може да имаат прошетка, движење, заедно со наставниците до пет километри. Од друга страна она што се случува од минатата година, зошто агенциите не ги вратиле парите, сметам дека има уредби, а Министерството за економија имаше препораки да се дадат ваучери коишто ќе може да се користат во наредниот период, и тоа сигурно се случило. Јас ги повикувам директорите на училиштата кои се одговорни за екскурзиите ги викнат родителите и да најдат заеднички јазик на кој начин тие пари од лани ќе им бидат вратени. Годинава екскурзиите не се дозволени“, изјави Царовска.

„Разговараме со градоначалниците за рационализација на средства, да не се расфрламе со пари за загревање на цела училница за еден наставник и тие пари да може да се искористат во набавка на ИТ-уреди. Кога ќе ја донесеме одлуката ќе ја информираме јавноста“, рече министерката Царовска.

Сподели: