Министерката за образование и образование и наука , Мила Царовска во работна посета на основните и средни училишта во Кочани.

Наставата во основните и средни училишта во Кочани се одвива непречено. Ова денеска го констатираше Министерската за образование и наука Мила Царовска по завршувањето на денешната работна посета во Кочани.

-Она што радува е што наставниците се мотивирани за нормално одржување на наставата, а локалната самоуправа во континуитет инвестира во подобрување на условите во училиштата. Како резултат на тоа, на пример во СОУ „Љупчо Сантов„ е поголемо присуството на учениците преку онлајн наставата, отколку минатата година кога имаше физичко присуство. Тоа укажува дека се направуила брза подготовка и се адаптирале и наставниците и учениците на новото време, истакна Министерката Мила Царовска.

Градоначалникот на Кочани Николчо Илијев рече дека и во услови на здравствена криза наставата во основните и средните училишта во општината се одвива без поголеми проблеми.

-Министерката Царовска може да се запознае и со тековните проектни активности во училиштата: изградба на спортски терени, реконструкција на подни површини, ново осветлување на училишните дворови, набавка на ново полуконцертно пијано. Со тоа покажуваме дека и во услови на Ковид-19 продолжуваме да инвестираме и се надеваме дека учениците ќе можат да се вратат во училиштата каде ги очекуваат подобрени и современи услови за реализација на наставата“, посочи градоначалникот Илијев.

Од СОУ „Љупчо Сантов„ министерката Царовска ги посети и ОУ „Малина Попиванова „ и музичкото училиште „Ристо Јуруков„.

Сподели: