Кога медиумите бараат помош од граѓаните за да опстанат …

МЕДИУМИТЕ И НОВИНАРСТВОТО ВО ДРЖАВАТА НИКОГАШ НЕ БИЛЕ ВО ПОЛОША СИТУАЦИЈА ОД СЕГАШНАТА. КАКВО НИВО Е МЕДИУМИ ДА БАРААТ ФИНАНСИСКА ПОМОШ ОД ЧИТАТЕЛИТЕ ЗА ДА ГИ ИНФОРМИРААТ. АКО НА ПОРТАЛИТЕ ИМ Е ТЕШКО, КАКО ЛИ ИМ Е НА ТЕЛЕВИЗИИТЕ И РАДИЈАТА. ГО ГЛЕДА ЛИ И ГО РЕГИСТРИРА ЛИ СЕТО ТОА ВЛАСТА?

Веројатно е време кога сите професии во државата се во тешка ситуација и тоа од повеќе аспекти, но новинарската сигурно е меѓу најпогодените од актуелните политики на власта. Најсилниот доказ за тоа е повикот упатен до читателите за финансиска поддршка на порталот „Слободен печат“. Причината е катастрофалната финансиска положба на медиумите, а целта порталот да продолжи со работа и да ја информира јавноста.

После ова јавно молење за помош од страна на одговорни во портал, само по себе се наметнува прашањето, како ли опстануваат и како функционираат традиционалните електронски медиуми, како телевизии и радија, кои според сите показатели се во уште потешка ситуација, бидејќи и државата и општините ги оставија како риби на суво, кога е во прашање финансирањето, а ги бараат и ги викаат кога треба да и се обратат на јавноста односно да се испофалат за своите политики кон граѓаните. Тие набавуваат или произведуваат значително поскапа програма, располагаат со скапа опрема, ангажираат повеќе вработени за да одговорат на информативно-забавните потреби. Но, на кого му зборувале, или пишуваме …!?

Ако на народот му беше солиден стандардот, можеби ваквите повици ќе наидеа на позитивен одѕив, меѓутоа кога и тој е се посиромашен, тешко е да се очекува дека некој ќе издвои скромни пари за да му помогне на медиумот. Затоа државата и власта се тие што треба да ги решат медиумите и новинарството, односно информирањето, на најсоодветен начин и европски …

Сподели: