„Низ традицијата“ – концерт на класата по традициски инструменти од ОМУ „Ристо Јуруков“ – Кочани

Основното музичко училиште „Ристо Јуруков“ синоќа го одржа првиот од серијата концерти насловени „Музичка среда“, на кој се претставија учениците што ги изучуваат традициските инструменти.

Раководниот и наставниот кадар во кочанското музичко училиште оценува дека  богатата народна култура која е создавана со векови треба постојано да се надградува и да се пренесува од генерација на генерација.  Концертот под наслов „Низ традицијата“ го потврди интересот кај учениците и посветеноста во изучувањето на традициските инструменти.

Учениците од класата по традициски инструменти настапија со ученици од класите по гитара и хармоника, со наставниците Виктор Постолов (традициски инструменти),  Давид Велков (хармоника и раководител на хорот) и Зоран Христов (гитара).

Сподели: