На 31 мај во Кочанско – Третман од земја за заштита од комарци
В среда, на 31 мај 2023 година во Кочани, во раните утрински часови стручна екипа на Центарот за јавно здравје – Скопје ќе ја спроведе првата фаза од превентивното терестичко (земјено) дезинсекционо третирање за заштита од комарци. Истиот ден ќе се спроведе и ларвицидно третирање.
Во првата фаза од дезинсекција ќе бидат опфатени 300 хектари на локации на подрачјето на град Кочани и селата: Тркање, Мојанци, Горни и Долни Подлог, Грдовци, Прибачево и Оризари.
Третирањето ќе се изведува со воднорастворлив широкоспектарен инсектицид за третирање на комарци одобрен од Бирото за лекови.