В четврток, 22 јуни – авионско прскање против комарци во Кочанско

Поради неповолните временски услови, најавеното прво авионско третирање на комарци во Кочани е презакажано за в четврток, 22 јуни во раните утрински часови. 

Авиотретирањето против комарци ќе го извршат стручни екипи на Друштвото за авиоуслуги „Бониер“ од Куманово. Ќе се прска со еколошко средство за  уништување  комарци – широкопојасен инсектицид за третирање на комарците, одобрен  од  Бирото за  лекови. Со авиотретирањето  ќе   бидат опфатени површините во градското подрачје на  Кочани  и  низинските села  што припаѓаат  на територијата на  Општина  Кочани. 

Потребно е пчеларите да ги преземат потребните заштитни мерки за време и по третирањето на подрачјето. 

Доколку се неповолни временските услови (ветер, дожд), третирањето ќе се одложи за наредниот ден.

Сподели: