Потпишани договорите со лицата вклучени во програмата ОКР 2023/24

Денеска во просториите на општинската сала беше остварена средба со која беше означен почетокот на програмата Општинско корисна работа 2023/24 година. Вклучени се вклупно 15 лица на 13 позиции, односно негуватели на лица со попреченост, негуватели во градинка, посредници во Центар за донација и фасилитатор за јакнење на социјален дијалог, додека за образовен и личен асистент во средните училишта, огласот ќе биде распишан дополнително.

Проектот финансиски е поддржан од страна на УНДП, а дел од средствата се исплаќаат од буџетот на Општина Кочани. Партнери во спроведување на проектот се АВРМ – Центар за вработување Кочани и МТСП – Центар за социјални работи Кочани, како и соработници од ЈОУДГ „Павлина Велјанова“, СОУ „Гошо Викентиев“, СОУ „Љупчо Сантов“, Здружението за лица со попреченост Мобилност и ОО Црвен Крст Кочани.

Проектот овозможува намалување на невработените лица, додека од друга страна се зголемува социјалната услуга и се подобрува квалитетот на животот на лицата во социјален ризик.

Сподели: