ГФК „Осогово“ со уште две засилувања

Во пресрет на првенството во Втората лига, раководството на ГФК Осогово е во потрага по засилувања кои би требало да го подигнат квалитетот на екипата. Деновиве челниците на клубот успеаја да се договорат со искусниот голман Ѓоре Јовановски и дефанзивецот Борче Ужевски, кои веќе им се приклучија на жолто-сините. Покрај тоа во тек се преговори со уште тројца фудбалери кои би дошле во таборот на Осогово, но нивните ангажмани засега не се потврдени.

Паралелно, екипата одржува засилени тренинзи со цел секој поединец подготвено да го пречека стартот на првенството од кондиционен и техничко-тактички аспект.

Инаку, по минималниот пораз од Каменица Саса, на првиот пријателски натпревар, Осогово закажа и втор, кој ќе се игра в сабота, на стадионот во Берово, против третолигашот „Трајал“ од Србија, кој во минатото првенство беше второлигаш, а се наоѓа на подготовки во Пехчево.

Сподели: