Честитка од градоначалникот Љупчо Папазов по повод Илинден – Денот на Републиката 

Илинден е континуитетот на македонската историја, симболот на победата што ги  обединува Илинденското востание и АСНОМ, 1903 и 1944.

Илинден е македонската државотворност во која се вградени непокорот и победата –  стремежот на револуционерите илинденци и асномското остварување на сонот за слободна македонска држава.

Илинденските идеали нека ни бидат водилка за слободна македонска држава во која сите нејзини граѓани се еднакви и рамноправни, независно од нивните разлики и уверувања.

Нека ни е честит Илинден – Денот на Републиката!

Нека ни е вечна Македонија! 

Сподели: