Пензионерите бараат пензии, не политика
Неосновано ги обвинуваат за политичка позадина пензионерите кои го кренаа гласот против ниските пензии, а со барање за линеарно покачување на сите пензии од 3.500 денари. Додека политичарите изнаоѓаат разни алибија да го одолговлечат или разводнат очигледниот притисок врз власта да ги спаси најсиромашните пензионери од глад, околу 90.000 пензионери кои земаат пензија под 12.000 денари, буквално секој месец и секој ден се принудени да бараат начин како да преживеат. И ако тие барања и сето тоа е политика, тогаш некој не е со реалноста.
Кочанските пензионери ја искажаа својата поддршка на другите во земјата, со присуство на генерелниот протест во Скопје, каде се бараше линеарно зголемување на пензиите, определување минимална пензија од 300 евра, како и други барања во форма на помош на пензионерите со најмали пензии. Иницијативниот одбор е дециден дека во тие настојувања за исполнување на барањата мора да се истрае. Мора да постои формула, или начин по законски пат пензионерите да го добијат тоа што им следува. Бидејќи помала неправда е тие што земаат минимална пензија да им се приближат или изедначат на тие со 300 евра, токолку првите да немаат реална можност да преживуваат од први до први во месецот.
Тие што не им веруваат на пензионерите за немаштијата во која живеат, можат да ја слушнат трогателната исповед на еден пензионер кој деновиве отвори душа и кажа како негова блиска родните криела од семејството дека боледува од тешка болест за да не им создава трошоци за лекување, и поради тоа починала.