ФА „Љупчо Сантов“ на фестивал во Тиват

Најмладите членови на Фолклорниот ансамбл „Љупчо Сантов“ од Оризари, вечерва замина за Тиват, Црна Гора, каде ќе учествува на третиот меѓународен фолклорен фестивал „Коло без граница“, како единствен претставик од нашата држава. Фолклорната експедиција утре ќе пристигне во Тиват, каде ќе се сместат во еден од туристичките капацитети на ова репрезентативно приморско градче, по што следуваат многубројните содржини и активности, кои се вистинско уживање на младите фолклористи. Покрај настапите со фолклорот што го негува овој ансамбл, за учесниците се предвидени крстарења со брод, посета на светски познатата Бока Которска, на бројни знаменитости и неповторливи убавини на црногорското приморје.

Гала концертот е предвиден за 26.август, на кој ќе настапат учесниците од повеќе земји во поширокиот регион.

Инаку, поканата на овогодишниот фестивал е резултат на минатогодишното учество, кога фолклористите на ФА „Љупчо Сантов“ оставија извонреден впечаток кај домашната. но и меѓународната публика.

Сподели: