Асфалтирана пристапна улица во селото Грдовци
Заврши асфалтирањето на пристапната улица „1“ во селото Грдовци.
Улицата е долга 67 м, широка 5,5 м, поврзана со сообраќајната инфраструктура со улицата „Маршал Тито“.
Асфалтирањето на улицата овозможува подобра сообраќајна врска и поголема безбедност на сообраќајот.
Работите ги изведе „Стоименов“, а средствата се од Буџетот на Општина Кочани за 2023 година.