Се асфалтира улицата „Даниел Стефанов“ во Долни Подлог

Во тек е асфалтирањето на улицата „Даниел Стефанов“ во селото Долни Подлог. Вкупната должина на улицата е 370 м, а ширината е од 3 до 4 метри. На делови од улицата се поставени два цевковода за канализирање на површинската вода.

Изведувач на работите е градежната фирма „Коле транс“, а за изградбата на оваа улица се наменети 2.100.000 денари, средства од општинскиот буџет.

Сподели: