Честит 11 Октомври – Денот на востанието на македонскиот народ
Почитувани сограѓани,
Од мое лично име и од името на Општина Кочани, Ви го честитам 11 Октомври, Денот на востанието на македонскиот народ.
11 Октомври е продолжување на слободарските традиции на македонскиот народ проникнати во Карпошовото, Разловечкото, Кресненското и во Илинденското востание.
Празнувајќи го овој ден, им оддаваме почит на сите учесници во вооруженото и антифашистичко востание, кои ги вградија животите за денешната слобода.
Честит празник!