Обука на општинскиот тим на попишувачи на недвижен имот
Проектот на УСАИД за зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите денеска одржа обука за граѓани на Кочани што се пријавиле да учествуваат во ажурирањето на базата на данокот на имот во општина Кочани.
Според Ирина Поцкова, консултантка на Проектот на УСАИД, целта на обуката е учесниците да се запознаат со Законот за данок на имот, со посебен акцент на последните законски измени.
Обуката овозможува градење капацитети во општината за ефикасно спроведување на теренски активности за идентификација на недвижниот имот и ажурирање на базата на податоци на недвижен имот преку дефинирање чекори за спроведување теренски активности за попис на недвижниот имот и за ажурирање на даночната база и претставува основна практична обука на општинските тимови на попишувачи на недвижен имот.
Наредниов период Општина Кочани ќе спроведе активности за теренско ажурирање на недвижен имот со цел еднакво и правично оданочување на сите жители на својата територија. За таа цел општински тимови ќе ги посетат домовите на граѓаните и ќе ги ажурираат податоците за недвижен имот.