12 новозаразени, 9 оздравени и еден починат пациент од Кочани

Денеска во Кочани повторно двоцифрена бројка на заразени во КОВИД 19 . Бројот на новозаразени лица во последните 24 часа изнесува 12, а Институтот за јавно здравје регистрираше 9 оздравени пациенти. Едно лице на 60 годишна возраст почина.

Од направените 1901 тестирање, регистрирани се 561 нови случаи на КОВИД 19, 197 оздравени пациенти и рекордни 22 починати лица.

До денеска бројот на активни случаи на заразени со КОВИД 19 во Кочани е 212 лица.

Сподели: