„Осогово“ спасуваше бод, „Слога 1934“ со 2 : 0 до три бода

Специјализантот за нерешени натпревари, „Осогово“ и во 9-то коло остана доследен на тоа за што се специјализира во ова првенство-поделба на бодовите со противниците, било да се игра во гости или на свој терен. На дуелот против Плачковица, иако поведе уште во 10’ минута со голот на Паунов, и во раната фаза од натпреварот најави победа, сепак на крајот жолто-сините се задоволија само со бод. Тоа што загрижува повеќе од прокоцканите два бода е неорганизираната игра и немоќта да се наметне свој препознатлив стил на теренот.

На стадионот „Филип Втори“ во Виница „Слога 1934“ продолжува да прави чуда, и тоа веќе не е случајно, или имале среќа. Виничани ја надиграа и надмудрија реномираната „Победа“ од Прилеп, и со головите на Бујчевски и Иванов ја испратија дома да се чуди што ја снашло во малото градче под Плачковица. Гостите дури можат да бидат благодарни што напаѓачите на Слога не постигнаа уште некој гол, за поубедлив триумф, бидејќи имаа барем уште две-три шанси.

Еве ги резултатиод 9-тото коло: во Кавадарци „Тиквеш“ – „Каменица Саса“  3:0, во Штип „Брегалница“ – „Росоман“  6:1, во Гевгелија „Кожуф“ – „Кит Го“  2:1, во Кочани „Осогово“ – „Плачковица“  1:1 и во Виница „Слога 1934“ – „Победа“  2:0. Во следното10 коло „Осогово“ повторно игра на свој терен, против „Кожуф“, како и „Слога“, која ја пречекува екипата на „Росоман“.

Сподели: