А бре македонче: заокружи се Албанец, добиј вработување

И покрај повиците од сите страни за демократски и фер избори, без поткуп, партиски вработувања и други аномалии, во реалноста се случуваат чудни појави кои ги запрепастуваат граѓаните. Деновиве се спроведуваат интензивни кампањи за вработувања во јавните претпријатија, институции и организации, без да се води сметка за стручност, соодветност и квалитет на кадарот. Сепак тоа што ги фрапира граѓаните е фактот дека многу од вработувањата се реализираат по претходна фиктивна промена на националноста, па така македонците во Кочани се принудени да се пишуваат како албанци, за да добијат решение за работа.

Таквата реалност им е позната на сите надлежни како и на службите кои ги реализираат вработувањата, меѓутоа сите премолчено ги користат или злоупотребуваат надлежностите.

Притоа никој не си ги поставува прашањата, што ако во некое догледно време некој ги сумира ваквите изјаснувања на граѓаните и извади на површина бројка на Албанци, Роми или граѓани од други националности, драстично поразлични од реалните, и на еден или друг начин, ги искористи. Дали тогаш ќе важи оправдувањето за формално или лажно изјаснување друга националност. Понатаму, дали таквите податоци нема да бидат некаков спин за двојазичноста, изборите и други процеси кои би ја дефинирале нејзината иднина.

На некој начин ваквите појави потсетуваат на изјаснувањето на голем број граѓани дека имале бугарско потекло, за да добијат ЕУ пасош, што предизвикува разноразни шпекулации, иако не ја одсликуваат реалната состојба во државата.

Сподели: