3 новозаразени, 11 оздравени и двајца починати пациенти од Кочани

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа во Кочани се регистрирани 3 новозаразени пациенти, а Институтот за јавно здравје регистрираше 11 оздравени пациенти.

Двајца пациенти од Кочани (49 и 68г) се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 27199, бројката на оздравени пациенти е 18948, на починати е 934, а бројот на активни случаи изнесува 7317.

Во Кочани денес има 203 регистрирани активни случаи.

Сподели: