Промовирани две книги на афоризми , во рамки на фестивалот за хумор и сатира „ ИН ВИНИЦА ВЕРИТАС„

Синоќа на меѓународниот фестивал ИН ВИНИЦА ВЕРИТАС беа промовирани книги на афоризми “Во љубовта е вистината” и “Oд Вардар до Владивосток”, дела на познатиот сатиричар Миле Ѓорѓијоски.

-“Вечерва ја промовираме автологијата на поговорки, мисли и афоризми на тема љубов, жена и брак во која се поместени мисли и афоризми од пред нашата ера до денешни денови“, рече Ѓорѓијоски.

Синоќешниот настан го отвори директорот на домот на културата Јовица Илиев кој изјави дека оваа книга е осма по ред од кои пет книги се издадени во последните три години и тоа, “Трагач на парадокси 1, 2 и 3”. Четврта по ред е “Во љубовта е вистината” и последна е “Од Вардар до Владивосток” од Едијацијата Балканска сатира на фестивалот за хумор и сатира ИН ВИНИЦА ВЕРИТАС.

Гости на настанот со учество беа афористичарите Ацо Ѓоргиев и Ристо Филчевски од Струмица, и Јане Атанасов и Ленче Стоименова од Кочани.

Сподели: