И КАЈ НАС ИМА ПЕНЗИОНЕРЧИЊА, ПЕНЗИОНЕРИ И ПЕНЗИОНЕРЧИШТА, …

… според висината на пензиите. Според Фондот за пензиско, во септември, годинава, 243 пензионери имале месечна пензија над 51.000 денари. Покрај овие, вкупно 48 пензионери во државата го земале највисокиот износ од 53.691 денари, или безмалку 900 евра. Инаку, вкупно 1.303 пензионери во земјава се на списокот со највисоки пензии, а распонот на нивните месечни примања по основ на пензија е од 39.592 до 53.691 денари, во зависност од годината кога го стекнале правото. Најголем дел, или 907 се со пензија од 41.244 денари.

Најнизок износ на пензија земале 75.445 пензионери, од кои 57.846 пензионери за остварено право од 01.01.2002 година до сега. Останатите 17.599 се за оставрено право до 1996 и за периодот 1997- 2002 година. Најнискиот износ на пензија за најголемата група на корисници на ова право се движи од 10.240 денари до 11.427 денари, во зависност од групата на која што припаѓаат. Просечната пензија во септември изнесувала 15.514 денари, што е за десетина илјади денари пониска од просечната плата.

Вкупниот број на пензионери во државата е 322.854 лица, иако оваа бројка од месец во месец варира.

Сподели: