НАПРАВЕТЕ ДОМАШНА МАСКА ЗА ЛИЦЕ ОД КОЧАНСКИ ОРИЗ.
Кочанскиот ориз , покрај тоа што се користи за подготовка на вкусни јадења,од него може да се направи и домашна маска за нега на кожата на лицето. Оризот е богат со витамини од групата Б кои го стимулираат обновувањето и растот на клетките, го подобруваат и забрзуваат протокот на крв во кожата на лицето и го забавуваат стареењето на клетките. Кочанчанки уште веднаш може да го испробаат рецептот , кој се состои од
-3 лажици ориз
-1 лажица млеко
-1 лажица мед
А подготовката на оваа маска за лице е многу едноставна
Потопете 3 лажици ориз во ладна вода и ставете го во сад на оган да зоврие. Додека оризот се вари, во друг сад измешајте една лажица млеко и една лажица мед.
Откако оризот ке се свари, потребно е да се испасита и веднаш да се додадат останатите состојки и убаво да се измеша.
На чиста кожа, со прсти се нанесува маската и се Остава да делува околу половина час, а потоа отстранете ја со пешкир натопен со млака вода.