Во Кочани регистрирани 29 новозаразени и 11 оздравени пациенти
Од направени 3836 тестирања , регистрирани се 1321 нови случаи на КОВИД -19 , од кој 29 се од Кочани. Министерството за здравство доцна вечерва ги објави резултатите по градови од кои најмногуи новозаразени се од Скопје 583, Куманово 100, Тетово 80, Прилеп 57, Битола 50, Гостивар 46, Велес 64 …
Институтот за јавно здравје регистрирал 433 оздравени пациенти, односно, од Скопје-207, Куманово-20, Штип-13, Прилеп-32, Тетово-42, Велес-11, Битола-19, Кавадарци-6, Гостивар-7, Гевгелија-13, Струмица-10, Крива Паланка-3, Радовиш-6, Кочани-11, Пробиштип-4, Берово-5, Виница-4, Кратово-1, Свети Николе-7, Кичево-10, Ресен-1 и од Неготино-1.
Од Министерството за здравство соопштија дека од Ковид-19 починале 26 лица, односно, седум пациенти од Скопје на 65, 50, 72, 65, 76, 60 и 80 години, двајца од Штип на 64 и 50 години, еден од Прилеп на 66 години, еден од Тетово на 71 година, двајца од Струга на 66 и 59 години, еден од Велес на 68 години, двајца од Битола на 55 и 57 години, тројца од Охрид на 77, 63 и 80 години, еден од Кавадарци на 71 година, еден од Гостивар на 73 години, еден од Струмица на 62 години, еден од Крива Паланка на 57 години, двајца од Радовиш на 82 и 72 години и еден од Делчево на 71 година.