32 новозаболени во Кочани се регистрирани во последите 24 часа
Во Кочани и денеска загрижувачки бројки на новозаразени се регистрирани во изминатото деноноќие, информираа од Министерството за здравство. Од направените 3315 тестирања регистрирани се 1295 заразени со КОВИД 19, а во Кочани 32. Со новиот извештај од министерството бројот на активни случаи од Кочани се искачи на 318,
Во општина Виница денеска се регистрирани 7 новозаразени пациенти.
Институтот за јавно здравје регистрираше осум оздравени пациенти од Кочани.
Починати се 26 лица, шест пациенти од Скопје (88, 80, 60, 63, 69 и 74г), еден од Куманово (86г), еден од Штип (76г), пет пациенти од Прилеп (48, 61, 73, 36 и 74г), двајца од Тетово (76 и 77г), пациент од Струга (86г), шест пациенти од Битола (81, 76, 74, 71, 88 и 82г), еден од Охрид (72г), двајца од Кавадарци (77 и 77г) и еден пациент од Свети Николе (62г).
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 43835, бројката на оздравени пациенти е 25782, на починати е 1238, а бројот на активни случаи изнесува 16815.