Од висока до средна загаденост, и назад …
Вечерва станицата за мерење на квалитетот на воздухот во Кочани со пресек во 17 часот, покажуваше темно жолта фаза, или висока загаденост, со 114,98 микрограма на м3 ПМ10 честички. Веќе во 19 часот податоците покажаа намалување на загаденоста со 58,47 мг на м3 ПМ 10 честички. Притоа, присуството на ПМ 2.5 честички не се мери, што значи дека кочанчани не знаат каква е концентрацијата на истите во воздухот. Другите загадувачки супстанци SO2, O3, NO2 и CO, покажуваат многу низок индекс на загадување.
Граѓаните кои излегуваат во вечерните часови за да прошетаат, се жалат дека во воздухот помалку или повеќе се чувствува непријатен мирис, за кој не се знае колку е опасен по здравјето. Стравот го зголемува актуелната Ковид 19 криза, поради тврдењата на стручњаците за негативните влијанија на загадениот воздух врз заболените од пандемијата, како и врз оние со респираторни и други заболувања.