ЦРНА ХРОНИКА 

Пронајдено телото на Здравко Димитров Даклето

ПО ОСУМ ДЕНА ОД ИСЧЕНУВАЊЕТО , ДЕНЕСКА ВО НЕПОСРЕДНА БЛИЗИНА НА ЗРНОВЦИ, Е ПРОНАЈДЕНО ТЕЛОТО НА ЗДРАВКО ДИМИТРОВ ДАКЛЕТО. САМИОТ СИ ГО ОДЗЕЛ ЖИВОТО СО БЕСЕЊЕ НА ДРВО ПОКРАЈ ПАТОТ КОН МОРОДВИС. Осмиот ден од исчезнувањето утрово е пронајдено телото на Здравко Димитров Даклето, кој исчезна минатиот петок, оддалечувајќи се од домот во непознат правец. Го пронашол случаен минувач. Кој го забележал обесен на дрво, преку патот над објектот на некогашниот дисперзиран погон на Индустријата Руен. Случајот е пријавевен во полиција, при што е извршен увид на лице место. Зрновјани…

Прочитај повеќе
ПОЛИТИКА 

ВМРО – ДПМНЕ Кочани : Централната власт ги опструира градоначалниците на сите можни начини

Сите сме свесни за потребата од изградба на Дом за стари лица во Кочани, чии услуги ќе ги користи целиот регион.Оваа потреба и идеја за изградба на еден ваков Дом за стари лица, потекнува уште пред многу години, но подоцна со поддршка од Здружението на пензионери и преку Центарот за развој на Источно-планскиот регион беа обезбедени соодветни средства за почеток. Но, во меѓувреме со назначување на новата министерка во МТСП, во месец септември 2021-ва е одржан дополнителен состанок на кој е побарана НОВА апликација, и НОВИ насоки за измена на…

Прочитај повеќе
ЗЕМЈОДЕЛИЕ 

БЛОКАДИТЕ ВО МИРУВАЊЕ, СЕ ЧЕКА РЕАКЦИЈА НА НАДЛЕЖНИТЕ

НАЈМАСОВНИОТ ПРОТЕСТ И БЛОКАДИТЕ НА ПАТИШТАТА КОИ БЕА ОРГАНИЗИРАНИ ВЧЕРА, ДЕНЕСКА СЕ СТАВЕНИ ВО МИРУВАЊЕ И СЕ ЧЕКА РЕАКЦИЈА НА РЕСОРНОТО МИНИСТЕРСТВО И ПРЕМИЕРОТ. ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ МЕЃУ ДРУГОТО БАРААТ ДА СТОПАНИСУВААТ СО НАВОДНИТЕЛНИОТ СИСТЕМ ЗА ПОЕФИКАСНО ПРОИЗВОДСТВО. ОПОЗИЦИЈАТА БАРА ВРАЌАЊЕ НА ОРИЗОТ ВО СТРАТЕШКИТЕ КУЛТУРИ Оризопроизводителите од производствениот регион вчера го организираа најмасовниот протест и блокади на магистралните патишта на релација Штип – Кочани, а денеска штрајкот го ставија во мирување, во очекување дека нивниот глас дошол до надлежните за да преземат соодветни активности и да понудат мерки за исполнување на…

Прочитај повеќе
РЕГИОН 

Зрновјани сеуште трагаат по исчезнатиот Здравко Димитров Даклето

ЖИТЕЛИТЕ НА ЗРНОВЦИ ЧЕТИРИ ДЕНА ТРАГААТ ПО ИСЧЕЗНАТИОТ ЗДРАВКО ДИМИТРОВ ДАКЛЕТО, КОЈ БЕЗ БИЛО КАКОВ ТРАГ ВО ПЕТОКОТ СЕ ОДДАЛЕЧИЛ ОД СВОЈОТ ДОМ. ВО АКЦИЈАТА ЗА ПРОНАОЃАЊЕ УЧЕСТВУВАА И КОЧАНСКИТЕ ДОБРОВОЛЦИ, МЕЃУТОА НА ПОСОЧУВАНИТЕ ЛОКАЦИИ ДО СЕГА ТОЈ НЕ Е ПРОНАЈДЕН. ПОТРАГАТА Е ПРОШИРЕНА И КОН МЕСТА ВО КОИ ИСЧЕЗНАТИОТ ИМА РОДНИНИ. НАЈГОЛЕМ ХЕНДИКЕП Е ШТО ПРИ ЗАМИНУВАЊЕТО ОД ДОМА ГО ОСТАВИЛ МОБИЛНИОТ ТЕЛЕФОН. Четврти дена како трае потрагата по исчезнатиот жител на Зрновци, кој без било каква најава се оддалечил од домот, не оставајќи никаков траг. Жители на Зрновци…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

ОО на СДСМ, за жал, пак ја утна

РЕАКЦИЈА НА УРЕДНИКОТ НА ТВ КОЧАНИ ЛД, ПО НАИВНИТЕ И ЗЛОНАМЕРНИ ИНСИНУАЦИИ НА ОО НА СДСМ ЗА „ПЛАТЕНИТЕ“ СПОТОВИ ЗА ДОБИТНИЦИТЕ НА НАЈВИСОКИТЕ ОПШТИНСКИ ПРИЗНАНИЈА, ЕМИТУВАНИ НА СВЕЧЕНАТА СЕДНИЦА. А ОТИДАТ НА КОКТЕЛ, ПОЧНУВААТ ДА ИМ СЕ ПРИЧИНУВААТ ПРОЕКТИ, ПАРИ… Почитувани, СДСМ за жал, повторно ја утна! Чуда им се причинуваат на некои во локалното СДСМ, па на последната свечена седница видоа пари во спотовите изработени за добитниците на двете награди, и тоа на контото на ТВ Кочани. А пари на сметката на ТВ Кочани од никој, и од никаде.…

Прочитај повеќе
ПОЛИТИКА 

Соопштение од ОО на СДСМ

Почитувани,  На синоќешната свечена седница на Совет на Општина Кочани, по повод денот на ослободувањето на нашиот град, имавме можност да го слушнеме обраќањето на актуелниот градоначалник Папазов. Почнатите и завршените проекти кои беа набројани, несомнено се дел од инфраструктурната револуција која се случуваше во изминативе неколку години. Да! Целата општина добива нов лик – но, колку Вие, почитуван градоначалник Папазов, или вашите партиски поддржувачи сте заслужни за сето тоа? Ако ги тргнеме настрана проектите од претходната власт, на колку активности од ваша страна би биле горди? Зошто не зборувате…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Свежо цвеќе и почит кон жртвите за слобода по повод двата празника 7 и 8 септември

По повод 7 Септември, Денот на ослободувањето на Кочани и 8 Септември, Денот на независноста на Македонија, делегација составена од градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов и членови на Советот, од Сојузот на Здружението на борците од НОВ, како и партиски делегации положија свежо цвеќе на Споменикот на слободата и на бистите на Љупчо Сантов и Раде Кратовче во Паркот на Револуцијата.    – Денес е голем и убав ден, ден за да се потсетиме на нашето историско минато за ослободувањето на градот Кочани од фашистичките окупатори. Ден за да се…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Канализацијата од Тркање поврзана со колекторскиот систем

Деновиве се врши поголем зафат на градежна работна активност, изградба на колекторско поврзување на канализационата мрежа од с. Тркање до Пречистителната станица со бушење под железничката пруга и пристапниот пат. Станува збор за канализациона мрежа во село Тркање, проект со кој се реши долгогодишен проблем со канализацијата во с. Тркање. Должината на колекторот е околу 3км, а инвеститор е Швајцарската агенција за економса соработка – СЕКО.

Прочитај повеќе
МАКЕДОНИЈА 

Форум на градоначалници „Успешни заедно“

Градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов учествуваше на Форумот на градоначалници „Успешни заедно“, што се одржа денеска во Кочани, во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите. Пред учесниците на Форумот – градоначалниците од двaесетина општини од државата, беше потенцирана клучната улога на градоначалникот во унапредување на општинското работење, начините за искористување техничка помош од Проектот и  можностите за постигнување согласност за посветеност и вклученост на општинската администрација во спроведување на техничката помош. На Форумот се дискутираше и за тимскиот пристап во зголемувањето на…

Прочитај повеќе
СПОРТ 

На патеката кон Пониква се одржа ридско-брзинската трка „Кочани 2022“

На 4 септември, на регионалниот патен правец Кочани – Пониква, се возеше ридско-брзинска трка од Државниот шампионат во автомобилизам што се бодува и за ФИА – зона на Централна Европа. На патеката долга 5,9 километри, во четири класи, учествуваа 26 возачи од Македонија, Србија, Црна Гора, Бугарија и Косово. Организатор на натпреварот беше АКК „Перформанс“ од Скопје, во соработка со Автомобилистичката федерација на Македонија, Здружението на возачите – Кочани и Општина Кочани. Во најниската класа Е1-1400 најбрз беше Георгиј Наков, член на скопскиот клуб „Перформанс“, кој патеката ја помина за…

Прочитај повеќе