ЦРНА ХРОНИКА 

Жена платила 12.000 за дрва, а останала без нив и без пари

На 19.09.2022 во 10:40 часот во Полициската станица Кочани, 71- годишна жена пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 12.000 денари. Според пријавеното, на 16.09.2022 околу 16:00 часот лицето дошло во  нејзиниот двор и ѝ понудило огревни дрва. Како што е пријавено, откако се договориле, таа му дала 12.000 денари, а лицето заминало и не се вратило со дрвата, по што сфатила дека била измамена. Се работи на расчистување на случајот.

Прочитај повеќе
ЦРНА ХРОНИКА 

Запленето буково дрво во кочанско, возачот избегал

На 19.09.2022, по преземени мерки и активности за откривање на нелегална сеча на дрва на подрачјето на ОВР Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани и полициски службеници од Шумска полиција, при контрола и преглед на патничко моторно возило ,,шкода фелиција“ без регистарски таблички, пронашле и одзеле буково огревно дрво, а лицето кое го управувало возилото избегало. Возилото и дрвата се одземени и предадени на Јавното претпријатие ,,Национални шуми“ – Подрачна единица Кочани. Се работи на расчистување на случајот.

Прочитај повеќе