ОПШТИНА КОЧАНИ 

Прием на делегациите-гости на овогодишната манифестација Денови на кочанскиот ориз

По повод 31-та манифестација „Денови на кочанскиот ориз 2022“, денеска градоначалникот на Општина Кочани, Љупчо Папазов организираше прием на официјалните делегаци, гости од збратимените општини. Оваа година кочанчани се домаќини на гости од Општина Казанлак, Општина Перник и Општина Разлог од Република Бугарија, Општина Крижевци од Република Хрватска, како и Фолклорните Ансамбли од Црна Гора, Бугарија, Босна и Херцеговина и Србија. Утре со почеток од 10 ч. на оризните полиња во с. Горни Подлог ќе се одржи традиционалното зажнејување и вршидба на ориз, доделување награда за најдобар оризопроизводител, настап на…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Со свечена заклетва, првачињата од Кочани станаа членови на Детската организација

Денеска сите првачиња од основните училишта од нашиот град присуствуваа на организираниот настан во Градскиот Парк од страна на Одделението за јавни дејности од Општина Кочани, кадешто ја дадоа свечената заклетва за прием во Детската организација. Учениците од повисоките одделенија од основните училишта од Кочани на првачињата им приредија забавна програма со што им посакаа добредојде во Детската организација. Имено, секоја година, првата седмица од месец октомври им се посветува на децата под мотото Детска недела. Во Кочани Детската недела се одбележа со многубројни настани и активности.

Прочитај повеќе
Uncategorized 

Форум на жени на ОО СДСМ Кочани „Октомври – месец за подигање на свеста за борба против ракот на дојка„

Октомври е светски месец за борба против ракот на дојка. Месец посветен на подигање на свеста за ракот на дојка. Октомври е месец кога секоја од нас се чувствува поинаку и на свој начин ја дава својата поддршка – некои од нас носат розово, некои ја слават победата над болеста, некои се соочуваат со најтешките битки, се чувствуваат осамено и изолирано. Но, ние жените треба да бидеме овде една за друга. Преку нашиот глас да ја истакнеме важноста од превенција и навремена детекција. Да се потрудиме секоја жена да има пристап…

Прочитај повеќе
ПОЛИТИКА 

ОО СДСМ Кочани со рекација на прес конференцијата на ОК на ВМРО ДПМНЕ Кочани

Почитувани, Итавте кон преземање на локалната власт, се послуживте со секакви манипулации да ги убедете граѓаните да ви ја дадат нивната доверба, гордо парадиравте откако вашите планови се остварија, но заборавивте на еден многу важен детал – локалната власт е во служба на граѓаните. Локалната власт не е наменета за остварување на лични интереси. Тоа значи дека секоја одлука, секој проект, секаков план не смее да штети никому. Вашата очигледна неспособност да менаџирате со локални институции и јавни претпријатија е застрашувачка. После цела една година – ништо ново не слушаме,…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Започна проектот „Спорт за здрави навики кај младите во Оризари“

Викендов на Спортските терени „Покрај Масалница“ во населбата Оризари, ЗГ „Среќни луѓе“ од Кочани, започна со реализација на Проектот „Спорт за здрави навики кај младите во Оризари“. Проектот се спроведува како дел од „Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 2 (ReLOaD2)“, финансирана од Европската унија, а спроведувана од Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП). Поддржан кофинансиски од Општина Кочани. Градоначалникот на Општина Кочани, Љупчо Папазов, во оваа прилика, изјави: -Користа од вакви и слични проекти е повеќекратна, бидејќи преку стекнувањето навики за спортување, младите уште во рана…

Прочитај повеќе
ПОЛИТИКА 

OK ВМРО ДПМНЕ Кочани „ДАЛИ ГРАЃАНИТЕ СЕ ДОЛЖНИ ДА СУБВЕНЦИОНИРААТ БИЗНИСМЕНИ„

Почитувани, Дали граѓаните се должни да субвенционираат одредени бизниси кои се во сопственост на одредени подинци? Во нормална држава ова е недозволиво, ама кај нас во општина Кочани очигледно дека суровата вистина е токму таа. За што всушност се работи? ВМРО – ДПМНЕ како десна партија секој пат се залага за поддршка на бизнисите кои се општествено одговорни и даваат свој економски бенефит во општината. Но исто така ВМРО ДПМНЕ е народна партија која прво го штити националниот и локалниот интерес на народот , а не на група приватни бизнисмени.Со…

Прочитај повеќе
ПОЛИТИКА 

ОО СДСМ Кочани : „ НАПАДОТ Е НАЈДОБРА ОДБРАНА„

Почитувани, Нашата советничка група е конструктивна и секогаш на страната за доброто на сите. Планот за вработувања доби наша поддршка како чекор напред кон реализација на веќе започнатите проекти. Планот мораше да се изгласа затоа што како воопшто би функционирала една градинка ако нема вработено соодветен кадар!?  Ниту имало ниту ќе имаме договор за вработувања со кој било политички субјект.  Поинтересно е што Левица не го поддржа истиот тој план, а дадоа поддршка за вработувања во бибилиотека „Искра“ каде реално, нема ни потреба. Првиот пат не беа согласни, за да…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Се асфалтира втората фаза од локалниот пат Крушка-Ајдар

Започна асфалтирањето на вториот дел од локалниот пат Крушка-Ајдар на оддалеченост од 16 км од Кочани, во планинските предели на Осоговските Планини. Вкупната должина на новоизградениот дел на патот изнесува околу 770 метри. Асфалтирани се 200 метри, а деновиве ќе биде асфалтиран и остатокот од новоизградениот дел. Изведувач на работите е фирмата „Стоименов“.

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

ТППЕ Кочани доби ново теренско противпожарно возило

Територијалната Противпожарна единица Кочани доби ново теренско протипожарно возило, донација од Дирекцијата за заштита и спасување. Новото возило кое е дел од возниот парк на ТППЕ Кочани е наменето за гаснење на шумски пожари и пожари на сите тешко достапни места, кое ќе придонесе кон побрзо дејствување во одредени ситуации на нашите пожарникари. Градоначалникот на Општина Кочани, Љупчо Папазов на нашите пожарникари Кочани им посака успешно да го користат новото возило и напомена дека со добивањето на ова возило ТППЕ Кочани ја доби целата опременост за интервенции на терен при…

Прочитај повеќе
ЦРНА ХРОНИКА 

Полицијата заплени над 200 метри кубни бесправно исечени дрва, поднесени кривични пријави

Денеска (01.10.2022) полициски службеници од СВР Штип- ОВР Кочани, по претходно добиени оперативни сознанија за пустошење на шума, во содејство со Државен инспекторат за шумарство и ловство, постапувајќи во склоп на Оперативна акција „Гора“ околу 10.30 часот во Осоговските планини на место викано Бунари, покрај шумски пат, пронајдоа над 200 метри кубни бесправна сеча на огревно дрво бука, од кои околу 150 метри кубни подготвени за превоз од страна на правно лице од Кочани. Известен е јавен обвинител и по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава до…

Прочитај повеќе