ОПШТИНА КОЧАНИ 

Мал зафат за голема сообраќајна придобивка

Заврши реализацијата на градежните активности за модернизација на преминот на горниот строј на пругата која поминува низ јужниот дел од градот Кочани, поконкретно со вкрстувањето на патниот премин кај основниот суд, кој претставува дел од ул. „Никола Карев“. На преминитесе одстранети сериозните деформитети кои го отежнуваа сообраќајот, и е поставена гумена подлога со цел да се амортизира и олесни минувањето на возилата и да се забрза протокот на сообраќајот. Овој релативно мал зафат ќе обезбеди голема сообраќајна придобивка бидејќи фреквенцијата ќе се одвива со нормален тек, а возачите нема да…

Прочитај повеќе
ЦРНА ХРОНИКА 

Маж загина во сообраќајка на експресниот пат

Триесет и девет годишен маж загина во трагичната сообрајна несреќа што ноќеска се случила на експресниот пат Штип-Кочани, близу клучката за накај Пробиштип. Пријавата за трагичната несреќа во СВР-Штип стигнала во 2.24 часот, потврдуваат од СВР-Штип. Според неофицијални информации во несреќата учествувало само едно возило. Од првичниот увид е утврдено дека автомобилот марка Рено „лагуна“ со скопски регистерски таблички, од засега непознати причини  излетало од коловозот, Притоа, од здобиените повреди починал совозачот И.М од Скопје, додека сопругата која наводно го управувала возилото, како и две малолетни деца се пренесени во…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Велигденска честитка од градоначалникот

По повод големиот христијански празник Велигден, градоначалникот на Општина Кочани, Љупчо Папазов до верниците од православната вероисповед упати честитка, во која стои: „Почитувани сограѓани, Во пресрет на најголемиот христијански празник Велигден, дозволете ми да Ви го честитам Вам, на сите православни верници и да Ви посакам Христова љубов, здравје и спокој во секој дом. Празнувајќи го Христовото воскресение ја славиме безусловната љубов и мирот меѓу сите луѓе на светот, ја чуваме нашата традиција, нашето духовно културно наследство, затоа да се радуваме заедно со радоста велигденска и сплотенo да го прославиме…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Се обновува бојата на оградите во Кочани

Во тек е бојосување на оградите на мостовите и на заштитните огради во Кочани. Со договорот за бојосување огради што Општина Кочани го склучи по спроведена јавна набавка со фирмата „Политехна-компани“ од Кочани, во тек е бојадисувањето на металните огради во Кочани. Активностите започнаа од Двојниот мост. Деновиве екипите работат на мостовите на Кочанска Река, а бојата на оградите ќе се обнови и на мостот на Масалница во Оризари.

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Инсталирани фотоволтаични централи на Пречистителната станица

Заврши инсталацијата на фотоволтаичните централи на кровот на Пречистителната станица за отпадни води во Кочани. Во присуство на претставници на фирмите за изведување и за надзор, на Општина Кочани и КЈП „Водовод“,  фотоволтаичните централи со моќност од 440 киловати и 120 киловати беа пуштени во пробна работа.  Инсталацијата на фотоволтаичните системи на Пречистителната станица за отпадни води во с. Мојанци се реализира со проектот „Намалување на загубите на вода во водоснабдителниот систем и искористување на соларната енергија во јавното комунално претпријатие во општина Кочани“, со грант од Центарот за меѓународна соработка и…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

На 2 мај во Кочани започнува Велигденски хепенинг

На 2 мај, во Градскиот парк во Кочани ќе почне Велигденскиот хепенинг, што го организира Општина Кочани во соработка со стопански субјекти и јавни установи од Кочани. Од 10 ч. ќе се одржи „Велигденски пазар на можности“ на Јавната општинска установа „Павлина Велјанова“ – Кочани, кој ќе биде придружен со музички настапи на ученици од ОУ „Никола Карев“ и ЈОУДГ „Павлина Велјанова“.  ЈОУ Библиотека „Искра“ ќе приреди „Велигденска работилница“, а во знакот на големиот христијански празник ќе има и ликовен перформанс од Школата за цртање при Центарот за култура „Бели…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Нови тротоари на Ул.„3-та Македонска бригада“

Со договорот за изведба на тротоари што Општина Кочани го склучи по спроведена јавна набавка со фирмата „Урбан павер“ од Скопје, почнува изградбата на нови пешачки површини на подрачјето на Кочани. Активностите започнаа од улицата „Трета македонска бригада“, каде што се одвиваат земјените работи, по што тротоарите ќе бидат поплочени со бетонски павер елементи. Со овој проект ќе се подобрат условите за движење на пешаците и поголема безбедност во одвивањето на целокупниот сообраќај.

Прочитај повеќе
ОБРАЗОВАНИЕ 

Наградени ученици на ОМУ „Р. Јуруков“

На 62. Државен натпревар по музика што се одржа на 25 и 26 април во Битола, учениците  од Основното музичко училиште „Ристо Јуруков“ од Кочани, Бјанка Димов и Јован Цветанов, под менторство на наставникот Благој Николов во дисциплина теорија на музиката ги освоија највисоките награди – прво место – специјална награда и прва награда.          Макарија Иванова, ученичка во класата на Марија Лазарова, во дисциплината пијано  освои втора награда, а Јован Цветанов, под менторство на Душан Стојанов освои трета награда. Изминатиот период учениците од ОМУ „Ристо Јуруков“ учествуваа на Меѓународниот фестивал со…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

На 2. мај Дајте музика во паркот

Во склоп на Велигденскиот хепенинг, на 2-ри мај Општина Кочани ќе организира целодневна програма и концерт за најмладите насловена ДАЈТЕ МУЗИКА во Градски парк во Кочани со почеток во 17:00 часот. Инаку, Велигденскиот хепенинг ќе трае од 2 до 8-ми мај, и ќе содржи богата музичка и забавна програма, со поставени продажни штандови.

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Се модернизира преминот на железничката пруга

Во тек е реализацијата на градежните активности за модернизација на преминот на горниот строј на пругата Велес – Кочани, на патниот премин „Основен суд“, на дел од ул. „Никола Карев“ во Кочани. На премините се поставува гумена подлога со цел да се олесни минувањето на возилата и да се забрза протокот на сообраќајот. Поради тековните активности, влезот односно излезот во Кочани од правецот кон Грдовци е затворен за сообраќај, а надлежните служби ги повикуваат сите учесници во сообраќајот да го почитуваат времениот сообраќаен режим. По завршувањето на овој премин, градежните…

Прочитај повеќе