ЕКОЛОГИЈА 

Светскиот ден на чистотата одбележан со повеќе еколошки акции

По повод 17 Септември, Светскиот ден на чистење на планетата, Општина Кочани се приклучи на глобалната акција со спроведување неколку еколошки акции во градот. Утрово групи ученици од основните училишта „Раде Кратовче“ и „Никола Карев“ организираа еколошки акции со расчистување на своите училишни дворови. Во одбележување на овој ден се вклучија и екипи на КЈП „Водовод“, како и ангажираните лица во склоп на проектот Јавни работи мерка 6, кои работеа на расчистување на локалитетот кај Спомен-домот АСНОМ. Светскиот ден на чистењето е најголемата еднодневна граѓанска акција во светот во која…

Прочитај повеќе
ЕКОЛОГИЈА 

Реализирана акција за пошумување на дел од опожарените површини во Кочанско

Денеска беше извршено пошумување, ново разеленување на месноста викана Рамни ниви, над село Бели. Станува збор за пошумување на површини кои претходно беа опожарени. Во пошумувањето учествуваа ученици од сите училишта од Општина Кочани, екипите на ТППЕ Кочани и Доброволното противпожарно друштво, КЈП „Водовод“, претставници од Пејпер Мил, вработени од Општина Кочани, со техничка поддршка од Македонски шуми подружница на Шумското стопанство „Осогово“. Засадени се садници од видовите багрем, јасен и јавор. Од акцијата на пошумување се предвидува да се засадат околу 4.000 садници на површина од 2 хектари. 

Прочитај повеќе
ЕКОЛОГИЈА 

Протест пред „Пејпар Мил: Рокот е 30 дена

Во услови на пасивна состојба на фабриката и на фабричкиот оџак, активистите на Иницијативата за чист воздух во Кочани организираше протест со блокирање на една лента од Булеварот Тодосија Паунов и пред влезната капија на Пејпар Мил, на кој се собраа неколку стотини граѓани. Своите три суштински барања тие ги условија со 30 дневен рок, во кој  Министерството за животна средина во содејство со Државниот инспекторат за животна средина да ја ревидираат А еколошката дозвола издадена на фабриката. Потоа конечно да се инсталира станицата за пречистување на отпадни води, која…

Прочитај повеќе
ЕКОЛОГИЈА 

Има ли решение за загадувањето во Кочани ?

Д ?АЛИ ГЛАВОБОЛКАТА ШТО ЗАГАДУВАЊЕТО ИМ ЈА ПРЕДИЗВИКУВА НА КОЧАНЦИ МОЖЕ ДА СЕ ЛЕКУВА СО „ТЕРАПИЈАТА“ КОЈА ДОАЃА ОД БИТОЛА, КАДЕ Е ИЗРАБОТЕН ПЕТГОДИШЕН ПЛАН ЗА КВАЛИТЕТ НА АМБИЕНТАЛНИОТ ВОЗДУХ. СОСТОЈБИТЕ ВО КОЧАНИ БАРААТ ИЗРАБОТКА НА ЛОКАЛЕН ЕКОЛОШКИ АКЦИОНЕН ПЛАН, ЗЕЛЕН КАТАСТАР И ДРУГИ СТРАТЕШКИ ДОКУМЕНТИ, БИДЕЈЌИ ПРОБЛЕМОТ Е КОМПЛЕКСЕН Колку тоа што Општина Битола неодамна доби нов петгодишен план за квалитет на амбиентниот воздух, кој треба да го олесни понатамошниот процес на работа на оваа проблематика, со спроведување на конкретни мерки и постапки кои ќе ја намалат загаденоста и…

Прочитај повеќе
ЕКОЛОГИЈА 

Земјоделците палат – пожарникарите по нив гаснат

Само што ќе се подзасуши сламата и ќе дивне ветер, земјоделците повторно „во акција“ на палење на стрништата во оризовите полиња. Денеска на повеќе локации во атарите на селата покрај реката Брегалница се гледаа пламени јазици и чад, од кој се создаваа облаци во Кочанската Котлина. Противпожарната единица со сите расположиви сили иташе од едно жариште на друго, со цел да спречи поголеми последици од намерно предизвиканите пожари. Од таму велат дека интервенирале на четири пожари, од двете страни на Брегалница. Поради силниот ветер кој можел да предизвика неконтролирано ширење…

Прочитај повеќе
ЕКОЛОГИЈА 

Ќе го решат ли опомени загадувањето ?

Поради енормното загадување за време на викендот, по констатираните состојби од надлежните служби и по пријавите на граѓаните, денеска инспекциските служби, претставници од МВР, претставници од невладините организации и локалните медиуми, излегоа на терен со увид и опомени кон населението на локацијата „Кај антената“, во наслебата Трајаново Трло, кои интензивно палат кабли, гуми, воедно сочинувајќи дива депонија. -Ја поздравуваме оваа акција да се решат дивите депонии и да се прекине со палење на гуми, кои многу го загрозува здравјето на луѓето, не само во овој крај, туку во цело Кочани.…

Прочитај повеќе
ЕКОЛОГИЈА 

Кочани позагадено од Скопје, кое е четврто во Светот

Со 437 mg/m3, Кочани денеска е најзагаден град во државата. Дури позагаден од Скопје, кој пак се вивна на високото четврто место во Светот. Загаденоста на воздухот, која се гледа и со голо око, а се чувствува со дишењето, според здравствените стручњаци, е мошне штетна за луѓето кои и без тоа имаат проблеми, но и за младите, кои не обрнуваат соодветно внимание и долги периоди остануваат на отворено. За кочанчани сеуште останува тајна од каде доаѓа загадувањето, бидејќи ниту мерењата, ниту стручњаците кои беа ангажирани не дадоа одговор кои се…

Прочитај повеќе
ЕКОЛОГИЈА 

Маркова Река опомена за Мала Река

ОТКАКО ГРАДЕЖНИЦИТЕ ЈА ЗАТРУПАА МАРКОВА РЕКА, ЗАГРИЖЕНОСТА КАЈ ЛОКАЛНИТЕ АКТИВИСТИ ЗА СУДБИНАТА НА МАЛА РЕКА СЕ ЗГОЛЕМИ. ОВОЈ МЕСЕЦ СОВЕТОТ ТРЕБА ДА ДОНЕСЕ ОДЛУКА ЗА РАСПИШУВАЊЕ РЕФЕРЕНДУМ, НА КОЈ ГРАЃАНИТЕ ЌЕ СЕ ИЗЈАСНАТ „ЗА“ ИЛИ „ПРОТИВ“ ГРАДЕЊЕТО НА МИНИЕНЕРГЕНСКИОТ КАПАЦИТЕТ Препукувањата помеѓу концесионерот и еколошките друштва околу Маркова Река, каде како последица на градежни активности, природниот амбиент бил драстично нарушен, по автоматизам ги алармира локалните активисти за уште поголема упорност во спротивставувањето за реализација на минихидроцентралата на Мала Река. Ако Маркова Река била комплетно затрупана со камења, карпи и земја…

Прочитај повеќе
ЕКОЛОГИЈА 

Ќе ја одбранат ли кочанци Мала Река од олигарсите?

Помеѓу твитовите на Тајм, објавени денеска стои и тој на META.mk@meta_agency, kаде стои дека „Според активистот Садик Абдирахими, хидроцентралите ги градат олигарси поврзани со владејачките партии. Тој вели дека многу реки на #Шара се уништени со оваа изградба. Ваквата изјава на овој активист може да претставува сериозен аларм и за локалните фактори да ги активираат сите механизами за да се спречи изградбата на мини хидроцентралата на Мала Река, бидејќи сите искуства и стручњаците од оваа сфера, велат дека таквите енергетски капацитети се со мал финансиски ефект, но со голем еколошки…

Прочитај повеќе
ЕКОЛОГИЈА 

Кочани наградено за зачувување на природата

Европскиот зелен појас (European Green Belt)  ја награди општина Кочани за нејзините напори во зачувување на природата. На утрешното доделување на наградата ќе се обратат Габриел Швадерер, претседателот на Европскиот зелен појас и Германската амбасадорка, Анке Холстеин.   Општина Кочани годинава ќе го добие престижното признание од Европскиот зелен појас, за најголем придонес во зачувувањето на природата, настан кој на 17 јуни ќе се одржи во Инфо центарот на Пониква. Наградата ќе ја прими градоначалникот Николчо Илијев, а на церемонијата на доделувањето пред присутните ќе се обратат Габриел Швадерер, претседателот…

Прочитај повеќе