ЦРНА ХРОНИКА 

Трагедија во Кочани: Триесетгодишник се фрли од „Градче“.

Денеска во попладневните часови од круната на Браната „Градче“ во бездната длабока седумдесетина метри се фрлил триесетгодишниот К.Ј. (1992 г.), од Кочани, при што починал на самото место. Дека загинатиот го планирал самоубиството потврдува тоа што пред да скокне во смртта, го соблекол палтото и го оставил паричникот. Екипа од полицијата извршила увид на местото на трагичниот настан. Актуелности.мк дознава дека при самоубиственото фрлање имало очевидци, кои неделниот ден го користеле за прошетка во единствената природа околу езерото. Меѓутоа засега нема никаква трага за евентуална причина за самоубиството на триесетгодишниот…

Прочитај повеќе
ЦРНА ХРОНИКА 

26 годишен виничанец пронајден мртов во Софија

Македонски државјанин од Виница викендов бил пронајден мртов во Софија, објави „Слободен печат“, повикувајќи се на бугарското Министерство за внатрешни работи. Како што објави медиумот, станува збор за 26- годишниот С. С. од Виница кој бил пронајден починат во близина на шопинг молот „Парадајс“ во центарот на Софија. Од Министерство за надворешни работи (МНР) соопштија дека преку македонското МВР веќе е стапено во контакт со семејството на починатиот во земјава и дека се во комуникација со надлежните органи во соседна Бугарија. „Известуваме дека Министерството за надворешни работи, веднаш штом доби информација за…

Прочитај повеќе
ЦРНА ХРОНИКА 

Вработена во болницата во Кочани нападнала три колешки

Вработена во Општа болница Кочани пријавила дека на едно од Одделенијата на болницата, вработената Ј.Т.(44) од Кочани физички ги нападнала нејзините колешки Б.А.(47), Т.С.(53) и М.К.(58), сите од Кочани. Се работи на расчистување на случајот, по што против Ј.Т. ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти полицијата во дневниот билтен.

Прочитај повеќе
ЦРНА ХРОНИКА 

Почина адвокатот и екс пратеник Сашко Костов

Денеска во Кочани, ненадејно почина адвокатот и екс пратеник во Собранието на Република Македонија, Сашко Костов, на возраст од 50 години. Смртта го затече додека ја извршувал својата адвокатска работа, за време на судско рочиште во една од судниците на Основниот суд во Кочани. Според очевидци, додека течел вообичаен судски процес, наеднаш му се слошило на Костов, со симптоми на срцев удар, поради што итно бил пренесен во Општна Болница во Кочани, каде ја загубил последната битка. Сашко Костов инаку беше магистер по правни науки и моментно работеше како адвокат.…

Прочитај повеќе
ЦРНА ХРОНИКА 

Полицијата го упаси крадецот на амбулантното возило во Кочани

По преземени мерки и активности, вчера во 15.40 часот полициски службеници од Полициската станица Кочани го лишиле од слобода Д.Н.(18) од Кочани, поради основи на сомнение дека од кругот на болницата во Кочани одзел возило на Итната медицинска помош Кочани.Како што веќе информираа од МВР, по преземени мерки и активности, возилото било пронајдено во 08.30 часот на ул.„Кирил и Методиј“ во Кочани и било вратено на Итната медицинска помош. – По преземени оперативно – тактички мерки расчистени се и кривични дела „тешка кражба“ на компјутер и „одземање моторно возило“ „опел…

Прочитај повеќе
ЦРНА ХРОНИКА 

По 5 часа, полицијата го најде болничкото возило

По само 5 часа од пријавувањето, полицијата го пронајде болничкото возило кое ноќеска беше украдено од кругот на болницата во Кочани. Кражбата е пријавена од вработен во болницата, околу 03:30 ч.по полноќ, по што полицијата тргнала во потера врз основа на добиени информации. Утрово возилото е пронајдено на ул „Кирил и Методиј“ во Кочани, оставено, а од крадците ни трага. Актуелности.мк дознава дека крадците имале бурна ноќ по улиците во градот, го стартувале и нагло кочеле, оставајќи долги траги на асфалтот, возеле во спротивен правец по еднонасочни улици. Меѓутоа, кога…

Прочитај повеќе
ЦРНА ХРОНИКА 

Двајца повредени, седуммина приведени, полицијата пукала во воздух – тепачка во Кочани

Двајца повреден и седуммина приведен е епилогот од тепачката која ноќеска еден час по полноќ се случила пред угостителски објект во Кочани. Во тепчката учествувале девет лица. Двајца се здобиле со исеченици и се пренесени во болница информира Министерството за внатрешни работи. -На 05.11.2022 во 01.15 часот полициски службеници од ОВР Кочани ги лишиле од слобода Џ.Ц.(29), Џ.Б.(33), И.К.(27), М.М.(30), Д.Д.(21), Г.Т.(25) и Б.С.(22), бидејќи пред угостителски објект во трговски центар во Кочани, по претходна расправија, започнале меѓусебна физичка пресметка во која учествувале Џ.Б., М.М., К.А., И.К. и Џ.Ц. од…

Прочитај повеќе
ЦРНА ХРОНИКА 

Во дом кај кочанчанец пронајдени и одземени 1,5 килограми марихуана

На 20.10.2022 во 11.40 часот во Кочани, полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи при ОВР Кочани го лишиле од слобода П.Д.(51) од Кочани. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени околу 1,5 килограм марихуана, семки од растението канабис, како и стебла и гранки од растението канабис. Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во консултација со Јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Прочитај повеќе
ЦРНА ХРОНИКА 

Почина маж од Кочани откако паднал од мотор

Вчера околу 15.30 часот во Полициската станица Кочани било пријавено дека на импровизирана патека во близина на ул.„Македонска“ во Кочани, К.Ѓ.(65) од Кочани, управувајќи мотоцикл, изгубил контрола над мотоциклот и паднал. – Од здобиените повреди, К.Ѓ. починал на местото, а смрт констатирала медицинска екипа. По овластување на Јавен обвинител, увид на местото извршила екипа од ОВР Кочани, информира МВР.

Прочитај повеќе
ЦРНА ХРОНИКА 

Групна пресметка со дрвени предмети во Кочани

Синоќа во Кочани се случила групна тепачка во која учествувале неколкумина жители на градот, а биле употребени и дрвени предмети, соопшти МВР. „На 07.10.2022 во 23.45 часот во ОВР Кочани е пријавено дека пред зграда на ул.„Ѓорче Петров” во Кочани бил нарушен јавниот ред и мир со физички напад извршен од Д.Д., Д.Д., Д.Д. и А.Д. врз Б.Ѓ., со кого се познавале од претходно. Според пријавеното, малку подоцна напаѓачите со дрвени предмети влегле во стан во зградата, сопственост на Г.Т., каде во моментот биле Б.Ѓ. и неговата невенчана сопруга К.А.,…

Прочитај повеќе