ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА 

Зимата „пролетна“, а пролетта …?

Крајот на 2023 и почетокот на 2024 година повеќе ги карактеризираат пролетни отколку зимски временски услови, па наместо снег и мраз, Кочанската Котлина е облеана со сонце кое овозможува температури од над 15 Целзиусови степени. Ако е така среде зима, што може да се очекува натпролет, е главната дилема. Дел од синоптичарите најавуваат продолжена зима во март и април со температури пониски од просечните за тој период од годината. За јануари и февруари се прогнозираат надпросечни врнежи од дожд и снег, што ќе донесе и пониски температури, кои ќе го…

Прочитај повеќе
ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА 

Есента врнежлива, температурите просечни

Есента, според синоптичарите, ќе ја карактеризираат вообичаено просечни температури, со чести врнежливи периоди. Дневните температури главно ќе се движат во интервали од 10 до 22, а ноќните од 0 до 13 степени Целзиусови, иако се можни и дополнителни нагли падови, како последица на нешто постудени бранови. Инаку до крајот на есента не се најавуваат големи врнежи од дожд, особено не во првите месц-два. Поголеми количини дожд може да се очекува само во ноември, по што ќе следува заладување.

Прочитај повеќе
ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА 

Прогнозите едно, климатските промени друго

И синоптичарите и граѓаните со се поголема резерва ги прифаќаат долгорочните прогнози на временските состојби, првенствено поради непредвидливоста што ја предизвикуваат климатските промени. Таканаречените чуда во природата, од аспект на појави како нелогично високи или ниски температури, обилни врнежи, снежни удари и слично, знаат да дојдат ненадејно и дури шокантно. Примерот со расцветаните цреши во Јапонија, кој е идентичен како во 812 година, зборува дека нешто над човечката моќ и знаење, се случува во природата. Во наши услови, климатските промени засега не предизвикале сензационални промени и појави, но дека во…

Прочитај повеќе
ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА 

Времето сончево, но студено

Времето во првата декада од декември се очекува да биде главно променливо облачно со повремени сончеви периоди, меѓутоа во наредните денови се можни и повремени слаби врнежи од дожд, а на повисоките места ќе провејува снег. Во овој период ќе дува умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец. Минималните температури ќе бидат со мали промени и ќе се движат во интервали од -8 до 2, а максималните ќе достигнат од 5 до 12 степени. Кон крајот на неделата се очекува благ пораст на дневните температури. Во Кочани и околината времето…

Прочитај повеќе
ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА 

Уште два дена со сонце, потоа дожд

Уште само два дена времето ќе биде суво и сончево, а потоа следува дождлив период, кој во регионот ќе донесе препознатлив есенски амбиент. Затоа добро е утрешниот викенд ден да се искористи за прошетки, но и за да се дозаврши некоја работа на отворено. Во наредните два дена нема да има позначителни температурни промени, а потоа се очекува значителен пад, особено на дневните, и тоа за пет до 10 степени.

Прочитај повеќе
ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА 

Денеска сончево, за викендот облачно и ветровито

Денеска во Кочанската Котлина ќе се задржи сончево време, со мала до умерена облачност и со слаба утринска магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Утринската температура се движеше од 4 до 10, а дневната ќе достигне помеѓу 19 до 22 степени. Во петок и сабота се очекува зголемена облачност со услови за слаб локален дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, а дневните температури ќе опаднат за 3 до 5 степени. Во деновите по викендот, времето ќе биде претежно стабилно, но со пониски…

Прочитај повеќе
ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА 

Времето денеска облачно со магла по котлините

Времето претпладне ќе биде облачно, по котлините магливо, а попладне ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во крајните јужни делови ќе има услови за слаб дожд. Во западните делови ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец, информира Управата за хидрометеоролошки работи. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 8 степени, а максималната ќе достигне од 16 до 22 степена.

Прочитај повеќе
ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА 

Следните денови стабилно време со утринска магла по котлините

Во следните денови ќе преовладува претежно стабилно време со појава на утринска магла по одделни котлини. Утринската температура в недела, на 1 ноември, ќе се спушти до 0 степени, а дневната ќе достигне 19 степени, информираат од УХМР. В среда, особено во јужните делови, а в петок и сабота на повеќе места ќе има услови за повремени врнежи од дожд. Во петок и за време на викендот ќе дува засилен, повремено силен северен ветер.

Прочитај повеќе
ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА 

Викенд временска прогноза

Времето денеска ќе биде сончево со слаба утринска магла по одделни котлини и ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 7, а максималната од 20 до 26 степени. Од Управата за хидрометеоролошки работи, најавувата дека времето во следните два дена ќе се задржи стабилно со ниски утрински температури и со услови за утринска магла по одделни котлини. Во сабота облачноста ќе се зголеми, а од недела ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет. Поради облачноста,…

Прочитај повеќе
ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА 

УХМР информира кога се очекува стабилизирање на времето

Времето во земјата денеска ќе биде променливо облачно. На места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Стабилизирање на времето се најавува од среда. Утринската температура ќе се движи од седум до 14 степени, дневната од 15 до 26 степени. Во Скопје температурата ќе се движи од 12 до 24 степени.

Прочитај повеќе