КОВИД 19 

1 починат, 5 новозаразени и 12 оздравени пациенти

Денеска во Кочани се регистрирани 5 новозаразени , 12 оздравени и еден починат пациенти на возраст од 71 година, информираа од Министерството за здравество. Во последните 24 часа се направени 2327 тестирања, а регистрирани се 400 нови случаи на КОВИД 19. Институтот за јавно за јавно здравје регистрираше 206 оздравени пациенти. За едно деноноќие починаа 11 лица.

Прочитај повеќе
ПОЛИТИКА 

ОО на СДСМ Кочани со одговор

Колку би чинел животот на едно дете, според пресметките на десничарите? Почитувани,Денес на Пониква беа реализирани показни вежби пред делегација на министрите за внатрешни работи на Република Северна Македонија и Република Црна Гора. Бевме домаќини на една средба која ги претстави потенцијалите на овој Спортско – рекреативен центар кој уште во минатиот век служел како воен полигон на реализирање на важни полициски операции.Она што не нè зачуди е реакцијата на ДПМНЕ и нивната хаотичност. Во отсуство на каков било коментар а, со интенција што е можно побрзо да се искриви…

Прочитај повеќе
ПОЛИТИКА 

ОК на ВМРО – ДПМНЕ прашува: Колку куршуми има во една казна?

Каде си кога те нема? Вчера преку социјалните мрежи беа најавени од страна на СВР Штип на Р.Македонија, вежбовни активности на единиците на МВР на спортско-рекреативниот центар на Пониква. На истата показна вежба, денес, присутен е и министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски. Г-не министер, изгледа Вие, трошоците за оваа показна вежба сте ги обезбедиле два дена порано, кога под репресивни мерки алијас Републичка контрола, беа казнувани граѓаните на Кочани рандом, чиниш Кочани е Арачиново?! Полнење на државната каса набрзина, чунки треба да се плати муницијата, од Нас-за Нас, за…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

На Пониква се реализираа средби и показни вежби

Денеска, градоначалникот на Општина Кочани Николчо Илијев беше домаќин на делегацијата на министрите за внатрешни работи на Република Северна Македонија и на Република Црна Гора, Оливер Спасовски и Сергеј Секуловиќ.На средбата што се одржа на Пониква, Илијев ги претстави потенцијалите на овој Спортско-рекреативен центар, кој уште во минатиот век служел како воен полигон, а подоцна како едукативен центар на децата и младинците од поранешната југословенска заедница.– Градиме планинарски дом, сакаме да го ревитализираме едукативниот центар, и за таа цел одржуваме и развиваме соработка со збратимените општини од Балканот и Европа.…

Прочитај повеќе
ПОЛИТИКА 

Формиран новиот ОК на ВМРО ДПМНЕ

На ден 18.01.2021г. се одржа првиот состанок на ОК на ВМРО ДПМНЕ Кочани со новиот претседател Мирче Стојков.Тој го избра тимот со кој ќе работи следните години. Формиран е новиот ОК на ВМРО ДПМНЕ Кочани, и како што вели Стојков, ,,основен мотив ќе биде обединувањето и спој на старите вредности со новиот и млад дигитален развој”. Дел од потесното раководство во новиот ОК се Перо Георгиевски-потпретседател, кој доаѓа од приватниот сектор, и Гоце Марков-потпретседател, досегашен портпарол на партијата, како и освежувањето во партијата, Зоран Ристов. Игор Голубов ќе биде новиот…

Прочитај повеќе