Избран изведувачот на комплексот Дом за престој на незгрижени лица
Заврши е-аукцијата за изградба на блокот ламели за домување на незгрижените лица од Старата касарна во Кочани. Најниска цена, која беше критериум за избор на изведувачот, дала фирмата „Панел М“ од Тетово. За изградбата ќе бидат наменети 23.748.753 денари. Во наредниот период, по комплетирањето на потребната документација, изборот на изведувачот ќе се официјализира со потпишување на одлуката. Проектот опфаќа изградба на седум типски куќички од цврста градба. Една ламелае со вкупна бруто површина од 138 метри квадратни. Просторот наменет за домување на едно смејство ќе има приближно 30 метри квадратни…
Прочитај повеќе