ОПШТИНА КОЧАНИ 

ПОТПИШАН КОЛЕКТИВНИОТ ДОГОВОР МЕЃУ СИНДИКАТОТ НА УПОЗ И ОПШТИНА КОЧАНИ

Денеска во просториите на Општина Кочани, градоначалникот на Општина Кочани, Љупчо Папазов, претседателот на Синдикатот на УПОЗ, Трпе Деаноски и претседателот на Синдикалната организација при Локалната самоуправа на Општина Кочани, Суад Мехмед го потпишаа Колективниот договор на Општина Кочани. Со потпишувањето на овој колективен договор се уредуваат обврските, правата и другите прашања во врска со работниот однос на вработените при Општина Кочани, односно утврдување на критериумите за годишен одмор, платените и неплатените одсуства, надоместоците на плата и другите примања заради усогласување на пазарот на трудот, исплата на регрес за годишен…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Одржана Јавната расправа за Нацрт Буџетот на Општина Кочани за 2023 година

Синоќа, во Мултикултурниот центар во Кочани, со почеток во 19 часот се одржа Јавната расправа за нацрт-буџетот на Општина Кочани за 2023 година, со цел да овозможи што поголема вклученост на граѓаните во креирањето на Буџетот за идната година. Присутните граѓани даваа предлози од јавен интерес поврзани со надлежностите на Локалната самоуправа: урбанистичко планирање, уредување на просторот и уредување на градежното земјиште; заштита на животната средина и природата; локален економски развој; комунални дејности; култура; спорт и рекреација; социјална заштита и заштита на децата; образование; здравствена заштита; противпожарна заштита и други…

Прочитај повеќе