ОПШТИНА КОЧАНИ 

Со анкета од средношколци – граѓаните на Кочани беа консултирани за предизвиците во сообраќајот

Во соработка со учениците и професорите од сообраќајната струка во СОУ „Гошо Викентиев“, денеска службите за сообраќај од Општина Кочани реализираа уште една анкета по прашалник за проблемите и предизвиците во сообраќајот, користењето на еколошки превозни средства и за паркирањето. Обработката и анализата на добиените одговори ќе помогне во креирањето политики, мерки и активности за подобрување на состојбата во сообраќајот и примена на нови сообраќајни решенија, посебно во централното градско подрачје. Во текот на 2022 година Општина Кочани во неколку наврати реализираше испитување на јавното мислење, едукативни средби со ученици и…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Реализирана акција за заловување кучиња скитници

Денеска, на подрачјето на општина Кочани се спроведе акција за заловување кучиња скитници – на повеќе локации каде тие беа затекнати, како и на локации по претходни барања од жители на општината. Заловувањето го спроведоа стручни екипи од Ветеринарната клиника ИНО-ВЕТ од Куманово, врз основа на претходно склучен договор за услуги со КЈП „Водовод“ – Кочани. По заловувањето на кучињата ќе се врши вакцинација со сите вакцини кои се предвидени со Законот и Правилникот за благосостојба на кучиња скитници и тие ќе бидат кастрирани. Општина Кочани апелира до граѓаните своите…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

„ЕДЕН ДЕН – КО НИЕДЕН“ – ОПШТИНА КОЧАНИ ГО ОДБЕЛЕЖА ДЕНОТ НА ЛИЦАТА СО ПОПРЕЧЕНОСТ

Со културно-забавна програма во Градскиот парк во Кочани, Општина Кочани го одбележа 3 Декември, меѓународниот ден на лицата со попреченост. Како учесници во програмските содржини и како посетители на настанот се вклучија и  ученици со попреченост, инклузирани во наставата во основните училишта, ученици од специјалната паралелка во ОУ „Малина Попиванова“ во Кочани, лица штитеници на Дневниот центар и членови на локалните здруженија. Одговорните во Општина Кочани истакнаа дека настанот има за цел да ги зближи институциите, здруженијата и заедницата заради поголемо разбирање и постојана поддршка на лицата со попреченост. –…

Прочитај повеќе