ЗЕМЈОДЕЛИЕ 

Земјоделците вријат – договор или блокади

Почетните активности околу подготовката и наближувањето на пролетната сеидба ја зголемуваат нервозата кај оризопроизводителите во регионот, бидејќи доаѓа период на зголемени трошоци, а Владата никако да им удоволи на нивните барања. Велат дека повеќе немаат трпение и дека незадоволството кулминира, поради што најавуваат нови блокади на магистралните патишта и протести. Со досегашната аграрна политика државата остана без млади земјоделци, кои заминаа во странство и ги оставија нивите. Сега некој ќе увезувал работна сила од други земји, а може ли некој подобро да ја обработува земјата од тие на кои им…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Советот на Општина Кочани ја одржа 24. редовна седница

Советот на Општина Кочани ја одржа 24. седница, чиј првичен предлог-дневен ред на почетокот беше проширен со две од предложените шест нови точки. Членовите на Советот го усвоија Извештајот за извршување на Буџетот на Општина Кочани за IV квартал од 2022 година. Стручните служби од Секторот за финансии образложија дека вкупниот буџет за 2022 година беше проектиран на 661.442.000 денари, а реализацијата во делот на расходите е со 593.098.166 денари или  89,67 %. Приходите се реализирани со 595 203 206 денари или 89,99 %. Основниот буџет во 2022 година проектиран на 254…

Прочитај повеќе
СПОРТ 

Подготовките од 31.01.2023, следуваат засилувања

СО НЕКОЛКУ ЗАМИНАТИ И СО ПРЕГОВОРИ ЗА АНГАЖИРАЊЕ НОВИ ЗАСИЛУВАЊА, „ОСОГОВО“ В НЕДЕЛА, НА 29 ЈАНУАРИ, ЌЕ ГИ ЗАПОЧНЕ ПОДГОТОВКИТЕ ЗА ПРОЛЕТНАТА ПОЛУСЕЗОНА, ВО КОЈА ГО ОЧЕКУВА БИТКА ЗА ШАМПИОНСКАТА ТИТУЛА И ИСЧЕКОР КОН ЕДИНСТВЕНАТА ВТОРА ЛИГА. ТРЕНЕРОТ АКСЕНТИЕВ ЌЕ ИМА ТЕШКА ЗАДАЧА ДА СОЗДАДЕ РЕЧИСИ НОВ ТИМ, НО НА МАКА СЕ ПОЗНАВААТ ЈУНАЦИТЕ Есенскиот шампион и најголем аспирант за првото место во третата фудбалска лига Исток, ГФК Осогово“ на 29 јануари, на стадионот „Никола Мантов“, ќе ги започне подготовките за пролетната полусезона. Шефот на Стручниот штаб на жолто-сините Ефтим…

Прочитај повеќе
СПОРТ 

Манифестацијата „Најдобар спортист … “, на 31.01.2023 г.

Манифестацијата Избор на најдобрите во спортот за 2022 година, на која ќе им бидат доделени наградите и признанијата на добитниците, е закажана за 31 јануари 2023 година. Настанот ќе се случи во Комплексот „Национал“, со почеток во 19 часот, на кој покрај избраните, ќе присуствуваат поканети спортски работници и спортисти од спортовите во Кочани. Организатор на спортската манифестација е Општина Кочани, во соработка со Асоцијацијата на новинари, а под покровителство на градоначалникот Љупчо Папазов.

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Известување од КЈП „Водовод„

Врз основа на член 76 став (1) од Законот за минерални суровини (Службен Весник на Република Македонија бр.136/12,25/13,93/13,44/14,160/14,129/15,39/16,53/16,120/16,189/16и 7/19), Владата на Република Северна Македонија, на седницата  одржана на 28 јануари 2020 година донесе Тарифник за утврдување на висината на надоместоците за издавање на дозволи и концесии за вршење детални геолошки истражувања и концесии за експлоатација на минерални суровини. Согласно Законот за минерални суровини, КЈП „Водовод“ Кочани како концесионер за експлоатација на минерална суровина –Геотермалана  вода, секоја година најдоцна до 31 декември во тековната година врши усогласување на надоместокот за експлоатација…

Прочитај повеќе
ОБРАЗОВАНИЕ 

Поразително: се отпишале 63 ученици

НАМАЛУВАЊЕТО НА БРОЈОТ НА УЧЕНИИЦИ ЗА 63 ВО ОСНОВНИТЕ И СРЕДНИТЕ УЧИЛИШТА, САМО ЗА ЕДНО ПОЛУГОДИТЕ, Е СВОЕВИДЕН АЛАРМ КОЈ ТРЕБА ДА ГИ ЗАГРИЖИ НАДЛЕЖНИТЕ ВО ДРЖАВАТА. УШТЕ ПОЗАГРИЖУВАЧКИ Е ШТО ТРЕНДОТ НА ПРАЗНЕЊЕ НА УЧИЛИШТАТА И НА ДРЖАВАТА ПРОДОЛЖУВА СО ДРАМАТИЧНА ДИНАМИКА За тоа какви ни се состојбите во државата, најдобро зборува осипувањето на бројот на ученици во основните и средните училишта кое бележи драстични размери. Само за пет месеци, или споредено септември – јануари, бројот на ученици во петте основни и двете средни училишта се намалил за дури…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Исчистени 6000 м2 од коритото на Масалница

Во изминатиот период интензивно се работеше на расчистување и уредување на обраснатото корито со дрвја, трње и треви, на дел од Реката Масалница во централното подрачје на населбата Оризари. Со градежна механизација е исчистен простор од околу 6 илјади квадратни метри со сечење на диво израснати дрвја, вадење длабоки корења, машински ископи, порамнување и уредување на речното корито. Расчистувањето на кејот на Оризарска Река и хортикултурното уредување ќе продолжи и во наредниот период. Изведувач на работите е фирмата „Стоименов“.

Прочитај повеќе
СПОРТ 

Избрани најдобрите во спортот за 2022 г.

Новинарите од локалните медиуми денеска ги избраа најдобрите во спортот во Општина Кочани за 2022 година, а врз основа на пристигнатите пријави од спортски колективи и поединци. Со тајно бодување, за најдобар спортист  на Општина Кочани за 2022 година е избран фудбалерот Тоше Манов од ГФК „Осогово“, со вкупно 22 бода. Втор е каратистот Филип Стојанов од КК „Партизан“ со 19 бода, а трета шахистката Јована Давиткова од Сојузот на училишни спортови со 17 бода. Најдобар клуб е Пинпонгарскиот клуб „Кочани“ со 18 бода, пред ЖФК „Кочани“ со 14 и…

Прочитај повеќе
туризам 

На „Пониква“ вее снег, ДПСС на терен

Од утрово на Пониква вее засилен снег, при што се создава снежна покривка, која го отежнува движењето на возилата кон спортско рекреативниот центар. Меѓутоа, регионалниот пат од Кочани до Пониква е прооден, за што придонесува мобилноста на дежурните служби на Македонија пат. Во создавањето на безбедни услови со 24 часовно присуство на терен, и со цел да им помогнат на посетителите, доколку за тоа има потреба, се и доброволците од ДПСС „Осогово“, кое дејствуваат на критичните места и реагираат во најбрз можен рок на секој повик. Контакт за ДПСС: 112

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Осветените води на Кочанска Река среќни за Андреј Митев

Прво скокање и огромна среќа за 24- годишниот кочанец Андреј Митев, кој беше највешт и  успеа да го фати Светиот крст од заезерените води на Кочанска река, а по повод Богојавление – Водици. Младиот Митев најдобро се снајде во конкуренција на над 50 пријавени, кои оваа година учествуваа во фаќањето на крстот, и му се случи првиот обид да му се посреќи. Тој посака Светиот крст да им донесе многу здравје, радост и благосостојба на сите христијани. Традиционално од Храмот „Св. Вмч Георгиј“ Митев ја доби Библијата, а градоначалникот Љупчо…

Прочитај повеќе