ЦРНА ХРОНИКА 

Громорозно убиство во Кочани- Маж со убоди од нож убил 43 годишна жена

Утрово кочанчани ги разбуди веста за големата трагедија која се случија на улицата Страшо Ербапче ,каде 56 годишен маж со над 40 убоди од нож убил 43 годишна жена. Убиството се случило утрово околу 6 часот откако по претходна расправија на жената и биле нанесени убодни рани при што починала на лице место. Настанот во Итната медицинска помош го пријавиле соседите откако се разбудиле од силната расправија помеѓу мажот и жената. Според неофицијални информации, убиецот го оставил безживотното тело на жената, го признал делото и веќе е лишен од слобода.…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Асфалтирана пристапна улица во селото Грдовци

Заврши асфалтирањето на пристапната улица „1“ во селото Грдовци. Улицата е долга 67 м, широка 5,5 м, поврзана со сообраќајната инфраструктура  со улицата „Маршал Тито“. Асфалтирањето на улицата овозможува подобра сообраќајна врска и поголема безбедност на сообраќајот. Работите ги изведе „Стоименов“, а средствата се од Буџетот на Општина Кочани за 2023 година.

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Уредување на кејот на реката Масалница во централниот дел на Оризари

Деновиве се работи на расчистување и уредување на дел од коритото на реката Масалница, во Оризари. Јужно од мостот на Масалница, во централниот дел на Оризари  со механизација се чисти коритото од обраснатата вегетација.  Активностите што ги реализира Општина Кочани се совпаѓаат со тековните работи за  продолжување на кејската улица од десната страна по течението на Масалница.  Придонес кон што поцелосно средување на кејот на Масалница даваат и екипите на Градско зеленило од КЈП „Водовод“, кои претходната седмица спроведоа активности за косење на зелени површини во речното корито. 

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Акција за чистење на околината на Спомен-домот „АСНОМ“

На 16 септември, Меѓународниот ден за чистење на планетата, КЈП „Водовод“ – Кочани, Општина Кочани и СОУ „Љупчо Сантов“ – Кочани, спроведоа акција чија цел е да  се влијае на подигањето на свеста за потребата од чиста животна средина.  Вработени од секторот Градско зеленило од „Водовод“ со механизација ја косеа обраснатата вегетација на локацијата околу Спомен-домот „АСНОМ“, а вработени од Комунална хигиена собраа и  изнесоа околу 11 метри кубни различен вид отпад.  Во акцијата се вклучија ученици од СОУ „Љупчо Сантов“, раководени од професорката Ирена Димитрова Јорданова, прибирајќи отпадоци расфрлани…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Бидете дел од дефилето на Деновите на оризот

Во рамките на манифестацијата „Денови на кочанскиот ориз 2023“, на 30 септември, со почеток од 17 ч., во централното подрачје на Кочани ќе се одржи Празнично дефиле, на кое ќе можат да се претстават јавни институции, приватни фирми, здруженија на граѓани и физички лица. Општина Кочани, како организатор на манифестацијата,  ќе им овозможи на учесниците во дефилето два начина на претставување: со дефилирање од Градскиот плоштад по улицата „Маршал Тито“ до Паркот на Револуцијата, и со прикажување краток перформанс на крајот на движењето, на сцена во Градскиот парк. За да биде…

Прочитај повеќе
СПОРТ 

На Пониква – втор меѓународен ролер-ски натпревар 

На 13 и 14 септември, на Пониква се одржа Вториот меѓународен ФИС ролер-ски натпревар. Скијачката федерација на Македонија, со поддршка на Општина Кочани  денеска во ресортот „Магнолија“ ги додели наградите на најуспешните натпреварувачи.  Во оваа дисциплина во нордиското скијање годинава учествуваа натпреварувачи од Македонија, Србија, Грција и Унгарија.  Од лани, овој натпревар влезе во календарот на Скијачката федерација, што дава нови можности за развој на спортскиот туризам на Осоговските Планини.

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Потпишан договор за реконструкција на дел од улицата „Стамен Манов“ во кочанското Ромско Маало

Градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов денеска го потпиша договорот со Институтот за истражување и анализа на политики „Ромалитико“, за реконструкција на дел од улицата „Стамен Манов“ во Кочани. Со оваа локална акција ќе се изврши рехабилитација и реконструкција на 436 м од улицата „Стамен Манов“, на потегот од Зијата до Фабриката за вода, што ќе чини близу 5 милиони денари. „Ромалитико“, со проектот „Заедно за просперитетна заедница“ поддржан од УСАИД, обезбедува 40 % од износот, Министерството за транспорт и врски, преку Декадата на Ромите – 1.174.000 денари, а остатокот…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Советот на Општина Кочани ја одржа 34. седница 

На 12 септември Советот на Општина Кочани ја одржа 34. редовна седница, на која донесе одлука за доделување финансиска помош од 100.000 денари на Доброволното противпожарно друштво – Кочани за реализација на програмски активности на ДПД.  Со цел да одговори на организациските потреби, со 17 гласа ги усвои измените и дополнувањата во Правилникот за начинот на организирање на културната манифестација „Денови на кочанскиот ориз“, како и Планот за вработување на на Општина Кочани за 2024 година. Советот утврди листа на имиња на улици, мостови, плоштади и други инфраструктурни објекти со имињата на борачот…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Делегации положија свежо цвеќе по повод 7 Септември, Денот на ослободувањето на Кочани и 8 Септември, Денот на независноста на Македонија

По повод 7 Септември, Денот на ослободувањето на Кочани и 8 Септември, Денот на независноста на Македонија, делегација составена од градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов и членови на Советот, од Сојузот на Здружението на борците од НОВ, како и партиски делегации положија свежо цвеќе на Споменикот на слободата и на бистите на Љупчо Сантов и Раде Кратовче во Паркот на Револуцијата. По тој повод, градоначалникот на Општина Кочани упати честитка кон граѓаните во која се вели: „Почитувани сограѓани, 7 и 8 Септември – ослободувањето на Кочани и независноста на…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

По повод 79 години од ослободувањето на Кочани – доделени највисоките општински награди

Денеска, 7-ми Септември, денот на ослободувањето на Кочани во Мултикултурниот центар се одржа Свечената седница на Советот на Општина Кочани. На одржаната свечена седница градоначалникот Љупчо Папазов имаше свое обраќање во кое беа истакнати постигнувањата во изминатиот период помеѓу двата празника, а беа доделени и највисоките општински награди за животно дело и наградата за значајни остварувања за развојот на Општина Кочани. Според одлуката на одборот за доделување награди на Општина Кочани, наградата за животно дело постхумно е доделена на Александар Сане Гицов, архитект кој остави значаен белег во Кочани со…

Прочитај повеќе